Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.
Владета Јеротиќ : "Немојте секогаш да правите јас тебе - ти мене"
Инаку тоа- јас тебе ти мене- е одраз на племенска свест и основа за коруција. Затоа јас велам да за племенските народи во кои ги вбројувам и Србите, корупцијата е нешто природно. Сепак , не треба да заборавиме дека ние сме повикани да бидеме христијани, а тоа значи да се издигнуваме над својата природа.“