Велиш дека постиш.
Докажи ми преку своите дела.
А кои се тие дела?
Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото.
Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба.
Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот.
Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе.
Ако видиш сиромашен, дај му милостина.
Ако се сретнеш со своите непријатели, смири се со нив.
Ако на улица видиш некое убаво лице, сврти го својот поглед од него.
Велиш дека не јадеш месо, но внимавај страсно да не го голташ со очите она што го гледаш околу себе. Пости и со слухот не слушајќи оговарања и интриги.
Со својата уста и јазик пости и воздржувај се од лошите зборови и шали. Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни.
Свети Јован Златоуст
Избор од фб профилот на: