Роса
Во близина извор се пронајде
врело кое од искона
на човека му се подаде,
за да и тој стане Икона.
Радувај се света Јустино !
О, Јустино јагне Господово
благодат по твоите молитви
Во близина извор се пронајде
врело кое од искона
на човека му се подаде,
за да и тој стане Икона.
Радувај се света Јустино !
О, Јустино јагне Господово
благодат по твоите молитви
Свеченото Отворање на Фестивалот е на 14 октомври / понеделник во 18.00 часот во Кинотеката на Република Македонија. На отворањето ќе биде прикажан овогодинешниот руски игран филм Варава, во кој за прв пат филмски се говори за разбојникот Варава, кој беше ослободен и на негово место беше распнат Господ Исус Христос,
На 13. 10. 2019 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужи света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство на Македонската православна црква. По завршувањето на Литургијата,
На 11 октомври 2019 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше свечено отворена Меѓународната конференција: Св. Софија - „Премудроста која си изгради дом“, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. На отворањето свои говори имаа Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Нашата цел е Царството Божјо. Затоа треба да најдеш сила да ѝ простиш на својата жена ако погрешила, да ја прифатиш и поткрепиш, дури и ако паднала. Тука те сакам, но дали си вистински јунак и капетан, ќе се покаже во бурата. Лесно е да колеш и бесиш. Коли и беси – што е полесно од тоа? Но, во бурата ќе се види каков си, дали во тој час можеш да бидеш силен и да го поткрепиш другиот човек. Ова е толку чувствителен момент.
Кога секоја во душата вселена страст ќе се отстрани од неа, а умот ќе се врати самиот на себеси, собирајќи ги целосно и сите други душевни сили, тогаш тој исполнувајќи ги добродетелите ја одобродетелува и душата, напредувајќи кон сѐ поголемо совршенство, склон кон натамошно искачување (сп. Пс. 84, 5). Уште повеќе, очистувајќи се и миејќи се со Божја помош, умот не само што се чисти од демонските наноси туку отстранува од
Една Велика Сабота монасите се соочија со тажна состојба. Во манастирот немаше никакви намирници, дури ни просфори за Божествената Литургија. Бараа и бараа, но ништо не најдоа. Времето минуваше и ближеше великиот миг на Воскресението. Таа светла празнична вечер решија да не јадат, зашто така им налагаше ситуацијата. Но никако не можеа да се помират со тоа дека ќе останат без света Причест. Залудно одново бараа некое заборавено шише со вино или некое парче леб.
Троичниот Бог не е апстрактен Бог, не е некаква виша сила, како што велат некои кои сакаат Бог да биде некаква виша сила. Знаете ли зошто сакаат да биде виша сила? За да прават што си сакаат, затоа што еден таков бог, кој е виша сила, не може да има личен однос со човекот и таа виша сила не го занима човека. Таа е нешто таму далеку, зад облаците, бог кој си ја гледа неговата работа, а ние нашата. Додека, пак, нашиот Бог, вистинскиот и жив Бог, е Личност, Битие, Бог на Црквата, на Евангелието, Света Троица.
Како живееме, знаеме или не знаеме? Го живееме ли она што го знаеме, или не знаеме како да го живееме? Дали живееме вистински – со љубов, со срце и со душа, со насмевка, со радост, во мир, со трпеливост, со добри дела, со добра мисла, со проштевање, во скромност, со милост, во смирение, трудољубиво, со почит, со послушност, без злоба, без немир, без завист, без љубомора, без презир, без гнев, без озборувања, без осудување.
„Има околу 53 000 христијани во источен Ерусалим и северно од западниот брег“, изјави Ават, нагласувајќи дека ваквиот пад е резултат на таканаречените „израелски окупаторски мерки, меѓу кои е предвидена и забрана за слободно практикување на верата“. Ават упати апел до Палестинската Влада да нема дискриминаторски однос кон христијаните.
Под твоето
благоутробие
прибегнуваме,
Богородице, нашите
моленија не пре-
видувај ги во неволјите,
но од опасност
избави нè
единствена чиста, единстве-
на благословена.
Едно од две нешта е неизбежно: или човекот во потрага по психофизички задоволства и конфор ќе се оддалечи од Бога,
и со тоа духовно ќе умира; или во стремење кон натприродниот образ на битието
ќе умира за овој свет.
Во последново ’умирање’ се состои нашиот ’крст’, нашето ’распетие’.
На 6 октомври 2019 година, на празникот на Соборот на сите македонските светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија изврши осветување на нова црква посветена на Раѓањето на свети Јован Крстител во населбата Бутел, во Скопје, и во присуство на многуброен верен народ отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
Но, дали светиите и светите се само отаде фреските? Дали светоста се чува неповредена така заградена само во храмовните ѕидини? Дали само житијните слова се единствените кои говорат за од Бога даруваната светост постигната со исклучителни подвизи или маченички сведоштва? Тие секако дека ја крепат душата и ја засилуваат верата, но што кога ќе го согледаме и споредиме нивното житие и нашиот живот и животот на оние кои живеат со нас?
Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор.
Во периодот од 11 до 13 октомври 2019 година во Охрид и Струга ќе се одржи меѓународната конференција „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“, организирана од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Еден дел од конференцијата е посветен на храмот на охридските архиепископи именуван по Мудроста – црквата „Света Софија“ во Охрид, нејзината историја, архитектура, фрескоживопис и уметност, додека другиот дел е восредоточен на мудроста во Библијата, теологијата, философијата и во
„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, +што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум…А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“. (1 Кор. 13, 1-2, 13).
Кoј му дава на сирoмавиoт, на Христа му дава. Тoа e смислата на eвангeлската наука штo сe пoтврдила вo искуствoтo на свeтитeлитe. Кoга сe пoкајал Пeтар Милoстив, пoчнал да дeли милoстина на сирoмашнитe кадe штo ќe му сe укажeла прилика. Eднаш гo срeтнал eдeн брoдoлoмник кoј oдвај гo спасил свoeтo гoлo тeлo при брoдoлoмoт, гo срeтнал и му пoбарал нeкoја oблeка. Пeтар гo сoблeкoл свoeтo скапoцeнo палтo и гo oблeкoл гoлиoт.
Овој труд е резултат на свештеното секојдневие на Неговото блаженство, дело на неговото архипастирско дело во изминатите 20 години како Поглавар на нашата света Македонска православна црква - Охридска Архиепископија и низ 33-те години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.
Промотори на изданието беа академик Витомир Митевски и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, Декан на Православниот богословски факултет.
Главна духовна особина на отец Јован за мене секогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која што ги води Христијаните кон спасение. Во една од книгите на отец Јован како епиграф беа одбрани зборовите кои што тој често ги повторуваше: „Најважно во духовниот живот – е вербата во Божјата промисла и расудувањето со совет“.