Првата Божествена Литургија во првиот православен манастир во Танзанија (14.02.2020 17:55)
На 10 февруари 2020 година, во првиот православен манастир во Танзанија беше отслужена првата Божествена Литургија од страна на Неговото Високопреосвештенство г. Агатоник, Митрополит на Аруша и централна Танзанија, во Кидамали, во сослужение на танзаниски свештениц и грчки јеромонаси.
Манастирската црква е посветена на светиот архангел Михаил и свети Паисиј (Величковски), бидејќи неколку манастири и парохии од епархијата Јаши донираа за изградба на црквата.
По службата беше положен камен-темелник за конаците и помошните простории за функционирањето на манастирот и сестринството, составено од игуманија Ирина и монахиња Софронија, од Романија, и двете искушенички од Танзанија, сестра Текла и сестра Марија.
Денот заврши со трпеза на љубовта за сите присутни.
Двесте и триесет Африканци, вклучувајќи и многумина поранешни муслимани, беа крстени во Танзанија минатиот месец.
извор: orthochristian.com
http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=7223