Архимандрит Партениј: Проповед во Првата Недела од Чесниот Пост (21.03.2016)
Неслучајно Светите Отци предвиделе евангелскиот текст за Божјото откривање на луѓето да се чита на денот кога ја славиме победата на светата православна вера над сите ереси и лажни учења, а особено победата над иконоборната ерес. Зашто сите оние што хулеле на светите икони, во подлабока смисла го негирале Христовото воплотување и реалното Божјо присуство меѓу нас и во нас.