РАСУДУВАЊЕ
Многу прашања во животот ги догматизираме. Дури и јас понекогаш се фаќам како апсолутно сум категоричен за одредени ставови, иако не би требало да е така. Мислиме дака на тој начин постигнуваме нешто, демонстрираме увереност, решителност и стабилност, додека на крај демонстрираме теснина на умот и срцето, а со тоа една закоравеност, која се предизвикаува од нашето его.