ДЕПРЕСИЈА - БОЖЈОТО ОТСУСТВО ОД ЧОВЕЧКАТА ДУША
Болката е онаа душевна сила која Бог ја всадил во нас за да нè поттикнува да правиме добро, и да ја преточиме во љубов, радост и молитва. Наместо тоа, демонот успева да ја одземе оваа сила од “батеријата“ на нашата душа и да ја искористи за зло - ја претвора во депресија и нè води во летаргија и очај. Го мачи човекот, го прави негов заробеник и го прави ментално болен.
Тајната е во тоа да го претвориме ова дејство на искушувачот во нешто добро. Ова не е така едноставно затоа што тоа бара одредена подготовка.