Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.
Преп. Пајсиј Светогорец:Царе, имав јас злато и сребро и друг имот, но сè оставив заради Христос
Свети Сампсон Странопримец. Роден е во Рим од богати и угледни родители. Ги изучил сите тогашни светски науки и се посветил на лекарскиот призив. Како лекар бил многу милосрден: ги лечел бесплатно и телото и душата, советувајќи го секого да ги исполнува правилата на христијанската вера. Од Рим се преселил во Цариград и се вселил во еден малечок дом,