логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Општ е заклучокот дека денес бракот доживува криза. Тоа го сведочат мноштвото разводи. Тоа го сведочат и бројните брачни парови, кои, без да стигнат до развод, живеат сопружнички живот по договор и со толеранција, но не наоѓаат никаква среќа и никаква радост во нивната врска.

Сериозна причина за оваа криза е тоа што христијаните кои стапуваат во брачна заедница не го живеат својот брак како света Тајна.

Многу христијани, под влијание на световната и безбожна клима на нашата епоха, клима која денес е силно распространета (весници, песни, списанија, спектакли, реклами), го сфаќаат бракот единствено како физички, биолошки, или општествено-економски чин. Сексуалноста има длабоко влијание врз мислата на современиот човек, така што среќата на човекот се определува исклучително и единствено во таа област. Така, на бракот се гледа како на една законита и од општеството одобрена љубовна врска, без никаква свест за одговорност и мисија. Кога ќе помине љубовното задоволство, тогаш и бракот губи секаква смисла. Сопружниците се разделуваат за да најдат нов сопатник и нова авантура.

Меѓутоа, кога бракот останува само физички и општествен чин, без да стане „Таинство“, т.е. без да помине во Црквата, во тоа Царство Божјо, и да се преобрази, не постои можност да биде спасен и да спасува.

Бракот како физички и општествен чин му припаѓа на светот што постои надвор од Црквата. Не треба да забораваме дека светот, животот, човекот, природата, надвор од Црквата се поробени. Тоа се погледи на паднатиот свет, кој поради прародителскиот грев се затрул, смртно се разболел. Така и бракот како физички и општествен чин е болен и по самата своја природа немоќен да го ослободи човекот и да му подари исполнет и целосен живот.

Кога бракот ќе постане „Таинство“, ги преселува сопружниците и нивниот физички брак од стариот, неслободен и безбожен свет на егоизмот, распадливоста и смртта, во новиот богочовечки свет на Царството Божјо, на љубовта, на Црквата.

Секое Таинство претставува еден премин и една преобразба на стариот свет и на стариот живот во нов свет и нов живот во Христа, што се принесува како дар на Светиот Дух.

Преку светото Крштение човекот го напушта стариот свет за најпосле да влезе во Царството на Бога, и земајќи удел во Божествената Евхаристија тој се соединува преку Христа со Света Троица и со сите избавени верни.

Без Божествената Евхаристија Црквата не би постоела, бидејќи верните не би можеле да се соединат со Бога и да станат ново богочовечко Тело.

Тоа што се случува со Божествената Евхаристија, се случува и со Тајната на бракот. Сопружниците се соединуваат со Христа, а преку Христа и помеѓу себе, во една вечна и богочовечка заедница. Од една заедница на стариот, разболен свет, се преобразуваат во една здрава заедница во Христа, во новата твар на Царството Божјо.

Едноставно кажано: преку светата Тајна брак не се соединуваат само младоженецот и невестата, туку заедно со нив се соединува и Христос, или поконкретно: двајцата се соединуваат во Христа, Кој на тој начин ја прави нивната заедница света, совршена, здрава, богочовечка.

Се разбира дека за да биде бракот чин на преобразба во перспектива на Царството Божјо, не е доволно само формалното следење на свештениот чин на венчавањето од страна на младоженците, без никакво нивно совесно соучество во извршената света Тајна.

Совесното учество во светата Тајна доведува до создавање на еден нов дом, една мала Црква, едно мало Царство на Троичниот Бог. Карактеристично е дека светата Тајна започнува, како и другите свети Тајни, со благословот на Света Троица: „Благословено е Царството на Отецот, и Синот, и Светиот Дух...“ Она што ги соединува сопружниците не е само физичката привлечност на двата пола, општествените прилики итн., туку пред сѐ Христос. Во новиот дом не царува авторитарно мажот или жената, туку Христос, зашто цел на обајцата е да ја извршуваат волјата на Христа, а не својата сопствена волја. Со основањето на христијанско семејство се основа и едно мало Царство Божјо. Сопружниците за време на свештениот чин се овенчуваат како цареви, додека се пее: „Господи, Боже наш, со слава и чест венчај ги“.

Богочовечкото соединување во бракот по Бога е толку свето, што Апостолот Павле, устата Христова, врската меѓу сопружниците ја уподобува на врската меѓу Христа и Црквата. „Оваа тајна е голема, но јас ви зборувам за Христос и за Црквата(Ефес. 5, 32).

Секако, за да биде бракот една пројава и откровение на Христовиот брак со Црквата, сопружниците би требало постојано да го надминуваат стариот човек што се крие во нив, да го распнуваат својот егоизам и страстите, и длабински да ја стекнуваат светата добродетел на смиреномудрието. Од ова гледиште, бракот претставува едно соучество во смртта и Воскресението Христови.

Никој не може да го живее новиот воскреснат живот Христов, доколку најнапред не се распне со Него и не го погребе стариот човек. Двајцата сопружници взаемно си помагаат да го распнат стариот човек. Тоа е многу тешко. Претставува своевидно мачеништво. Не е случајно тоа што во чинот на бракот се пее маченичкиот тропар: „Свети маченици, кои добро пострадавте и се овенчавте…“, додека се прави литија, откако претходно свештеникот ќе го постави на средина светото Евангелие. Оваа литија нѐ потсетува дека бракот е едно постојано движење на сопружниците кон Царството Божјо, една постојана борба за стекнување на светоста. Ова движење на сопружниците ќе се одвива пред Христа и мачениците, преку маченичкиот пат на секојдневната борба со постојано одрекување од злото во нив и вршење на волјата Божја, притоа целосно принесувајќи му се на сопатникот во заедничкиот живот.

Доколку христијаните сопружници не го сфатат својот брак како борба и жртва, како би преживеала нивната врска кога ќе се појават првите тешкотии?

Со претходно реченото не се кажува сѐ за православната теологија на бракот. Тоа едноставно содржи само одредени воведни мисли.

Во секој случај, треба да се разбере дека бракот и семејството не можат да се спасат, ако христијаните сопружници не се подучат и не станат свесни за суштината на бракот како Тајна на Црквата.

Има многу што ние, пастирите на нашата Црква можеме да направиме во овој правец. Нашата улога не е таа на регистратор – благослов и запишување на еден општествен акт – туку улога на пастир и раководител во Христа.

Сопружниците, и младоженците и оние што веќе ја живеат Светата Тајна Брак, треба да бидат поучени од нивните пастири за тоа колку големо значење има нивниот брак, за тоа дека тој е света Тајна, и за тоа како подостојно да го водат нивниот брачен живот.

Во ова наше тешко дело – дело навистина пастирско – треба да бидеме помогнати и од браќата и сестрите мирјани, коишто се рацете и нозете на клириците.

Осветувањето и спасението на бракот и на семејството не е работа само на епископите и презвитерите, туку на целата заедница, на парохијата, и поради тоа сите се повикани да им помогнат на пастирите, секој според својот призив и дадениот му дар.


Извадок од книгата: Ἀρχιμανδρίτου Γεοργίου, Καθηγουμένου Ἱ. Μονῆς Ὁσίου Γρηγορίου, Θέματα Έκκλησιολογίας καὶ Ποιμαντικῆς, Γ΄ Ἔκδοσις, Ἅγιον Ὄρος 1999, σελ. 163–168.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная