Скопје, 14-ти април 2019 год.- храм на св.пророк Илија
На 14ти февруари 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Црква молитвено се прослави споменот на :
Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир
и другите со нив
Преподобен Петар Галатиски
Во триесериседмата недела по Педесетница , на 14ти фавруари 2019 година,кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на +Светиот маченик Трифун; Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив; Преподобен Петар Галатиски;, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот и Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет.
Човекот треба да живее според духот; сиот состав на човекот треба да стане ’духовен’, да го достигне ’подобието’. Всушност, духот е тој што треба да влезе во единство со крштелната благодат и тој благодатта ја воведува во срцето, кое е центар на човечката природа што треба да биде обожена. Без срцето, кое е центар на сите активности, духот е немоќен. Без духот, срцето е слепо, лишено од управување. Затоа е потребно да се најде хармоничен однос меѓу духот и срцето, за да се организира, да се гради личноста во благодатта, бидејќи патот на единството не е бесвесен процес. Тој пат претставува постојана будност на духот, непрестаен напор на волјата.- Владимир Лоски
Преминпортал (к.т.)
Друго: