Во Петтата Недела од Великиот Пост пострадаа Пречистанските Преподобномаченици – Пајсиј, Аверкиј и Евнувиј(27.03.2015)
Среде природните убавини во подножјето на планината Цоцан, на местото наречено Врвој, Пресветата Владичица наша Богородица благоволила да си издигне прекрасен дом – манастирот „Пречиста ‒ Кичевска“, посветен на светото Благовештение. Оваа света обител, со братство од 15 црнорисци, кон средината на XVI век била извор на жива вода што го напојувалa верниот православен народ со благодатта на Светиот Дух.