Верата е важна за секој човек, со било какво занимање и професија. Но, за луѓето чија професија е особено опасна, и кои секојдневно се соочуваат со опасности по животот, верата зазема посебно место во нивните животи.
Рударите од Запорошкиот рударски комбинат од Украина се свесни за ова, и во нивните молитви постојано ја повикуваат заштитничката на рударите – св. Варвара.
Благодарение на генералниот директор на нивниот комбинат, г. Михаил Короленко Ројрих, на територијата на рудниот веќе била изградена капела посветена на св. Варвара по повод одбележувањето на 45-годишнината од започнувањето со експлоатација на рудникот.
Но овој месец, во очи на државниот празник на рударите – Денот на металната и рударска индустрија во Украина, Неговото Преосвештенство, Епископот бердјански и приморски г. Ефрем (УПЦ-МП) ја осветил новата капела посветена на св. Варвара, а лоцирана на 840 метри под земјата, во експлоаторскиот рудник.
Извор: Бердјанска епархија
Преземено од: Кумановско-осоговска епархија