Толкувачки приближувања кон иконата на Рождеството Христово
Несомнено, православната икона на Рождеството Христово е најинтересниот случај во иконографиjата, од толкувачки, догматски поглед. Се оформила во ранохристијанскиот период[1], разликувана во повеќе варијанти, и во себе прифатила повеќе влијанија: пророштва[2], евангелија[3], апокрифни објаснувања[4], светооотечки толкувања, а воедно и химнолошки – од поезијата на празникот на Рождеството Христово и од Акатистот.