Свети Тихон Задонски - „Имаш име дека си жив, а си мртов.“ (Откр. 3, 1)
Христијанинот е должен сите напори да ги вложува во поправањето на својата душа. Бог и говори на нашата душа, а не на телото. Телото е орудие на душата, со кое таа делува. Јазикот зборува, очите гледаат, рацете го прават она што душата замислува и сака. И ако душата е исправна, тогаш и надворешните дела ќе бидат исправни. Без заповедите на душата, деловите на телото не делуваат.