Митрополит Лимасолски Атанасиј - Да се види Бог во лицето на другиот
Денеска детската психологија нé учи дека треба сериозно да му се говори на детето за сериозни работи, треба да се разговара со него сериозно, затоа што ако ти го водиш него на Причест и му велиш: „Отвори ја устата, за да ти дадат златна птица!’’- тогаш тоа се разбира дека ќе ја исплука, затоа што тоа не сака златна птица. А што ако Причеста нема вкус на златна птица, туку понекогаш е и киселава?