г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“
На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во манастирот крај Охридското езеро, каде што се упокоил и го завршил својот живот. Неговите свети мошти до ден денес почиваат во неговиот манастир и творат најразлични чудеса. Верниот народ од нашата земја имаа особена почит кон светиот Наум.