Иконата на Пресвета Богородица наречена „Неовенлив цвет“
На оваа икона Богородица е претставена како го држи својот Божествен Син во десната рака, а во левата таа држи букет од бели кринови. Овој букет символично ја означува нејзината нетлена и приснодевствност, за кое Црквата пее: „Ти си Корен на девственоста и Неовенлив Цвет на чистота“. Копии од оваа икона беа прославени во Москва, Воронеж и други места на Руската Црква.