Монахињата Параскева ни поради елеј од кандилото на гробот на старец Гаврил и ни објасни како можеме да се помазуваме со него. Имав чувство како да сум добил некоја огромна сила. Така и беше!
Кај гробот на старец Гаврил во манастирот Самтавро.
Иконата треба да биде онаа алка што ќе го спои современиот човек со вечноста.
Нејзината основна смисла е духовната суштина и
благодатта што излегува преку неа како светлина низ прозорец.
А кога браќата се љубат помеѓу себе, тие и не сакаат за долго да бидат оддалечени еден од друг, туку заеднички да пребиваат во љубовта Христова, заеднички величајќи го Неговото Име. Во овој евангелски дух, на 20 и 21 јуни 2022 година, се случи и посетата на Патријархот Српски г.г. Порфириј на нашите древни светињи, изградени покрај водите на прекрасното Охридско Езеро.
И така, опфаќајќи нѐ од сите страни, ги спречува стрелите што доаѓаат однадвор да се допрат до нас, бидејќи Тој е нашиот дом; а сѐ што внатре е нечисто, Тој го исфрла надвор, затоа што како негов жител го исполнува целиот дом. Навистина, не заедничариме во нешто што е Негово, туку во Него Самиот; и не примаме во своите души некакви зраци и светлина, туку го примаме самото Сонце;
Една добра помисла има иста сила како повеќечасовно бдение! Толкава сила има добрата помисла. Исто како што денес некое ново оружје со ласерските зраци го запира проектилот во базата, спречувајќи го неговото лансирање, така и добрите помисли ги пресретнуваат и ги блокираат лошите помисли на ѓаволските „аеродроми" откаде што тие поаѓаат.
Кога дојдоа кај Чеснејшују, монахот послушник ја испее до крај „Чеснејшују херувим“, старата химна од свети Козма Химнограф. А монахот странец ѝ даде друг почеток на химната и ја испеа вака: „Достојно ест јако во истину, блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего“, и потоа го додаде „Чеснејшују херувим…“ сѐ до крајот.
Секако дека Црквата е секогаш модерна. Таа не припаѓа само на минатото, ниту на сегашноста, ниту на иднината. Припаѓа на вечноста. Во таа смисла, таа е безвременска и се труди да биде секогаш актуелна, да ги сподели сите проблеми, сите искушенија, сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек додека живее во ова време. Освен тоа, токму поради тоа што е безвременска и,
И така, кога падна селото на колена, кога си отвори рани ко зрела мешунка, душманот собра сѐ што најде по куќите. Ги јагленисаа плевните и амбарите, гранапите, еснафските дуќани, визбите и скришните одајчиња на таваните. Вриеше како во мравјалник. Сѐ што беше вредно ни зедоа, и чест и мировина, ни грабаа скриени од под мишки подварени зрнца грав и чубрика, од уста тутун
Кога не ги крадеш, а тие тебе те крадат? Кога ги благословуваш, а тие тебе те проколнуваат?
Кога им даваш милостиња, а тие, за возврат тебе ти нанесуваат неправда?
Ти ги фалиш, а тие те осудуваат? Доаѓаат без никаква причина за да те разобличат,
Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe таланти и ги oсудува мрзeливитe кoи ги закoпуваат свoитe таланти. Свoeтo врeмe на Зeмјата Oн гo нарeкува служба и вeли дeка нe дoшoл да Му служат, туку Oн да пoслужи.
Никогаш нема да се разболи, никогаш нема да заплаче, никогаш нема да пострада.
Болеста е голем благослов и голем дар од Бога! Не е казна. Тоа е, како да ни вели Бог:
Си заработил една лотарија, која ќе ти биде исплатена во рајот!
Секој човек, колку и да те сака, без разлика колку и вие да го сакате него, ( видете и вие во самите себе) - неговите можности се ограничени.
Тоа е човек, има мала моќ, мал е неговиот капацитет, само Бог дава целосен одмор на другиот човек и само Бог никогаш не го отфрла човекот, ниту пак ќе не' разочара !
Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме само оние што нас нѐ љубат, тогаш каква благодат сме примиле од Бога? Како би го познале Божјото дело и силата на Светиот Дух во внатрешната промена на нашиот карактер?
И јас ги благословувам и не ги колнам. Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите. Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Тие ме правеа странец во земските царства и непотребен жител на земјата.
Како што гонетото животно наоѓа посигурно засолниште, отколку негонетото, така сум и јас,
Со спасителното дело на Господ Исус Христос и со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на Педесетница, Црквата станала носителка на полнотата на богооткриената вистина за Бога. Но, требало да помине долго време додека таа вистина биде облечена во човечки зборови. Во прво време немало развиено богословско објаснување на христијанските богооткриени вистини, меѓу кои била и тајната на Света Троица.