логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT29

НАВИКА

Голема е моќта на навиката. Поединечни луѓе и цели народи се навикнуваат да живеат на одреден начин, според одредени обичаи. За нив е многу тешко да се сменат, да прекршат нешто во нивниот живот, дури и ако тој живот води до уништување.

TVIT30

          Честопати луѓето кои боледуваат од разни хронични болести и кои со своите навики и однесување ги влошуваат овие болести, реагираат  лошо дури и кон лекарите. Доаѓа докторот и му вели на човекот: „Не смееш да пиеш и да пушиш, треба да одиш на време да се одмараш, не смееш да јадеш ова или она“. А човек, посебно кога е веќе во зрели, солидни години, често реагира на следниов начин: „Што сѐ не ми изнакажа докторе! Не  само... не смеам ни една чашка  вотка да се напијам? А соседот слави јубилеј“. И така натаму. Сите го знаеме тоа, често сме виделе слични сцени во животот.
           Пред се, во секој таков човек треба да се видиме себеси. Цели народи, цели професии, во суштина живеат за да го негуваат гревот и да уживаат во него. Гревот за нив е извор на постоењето. Без разлика на тоа какви зборови ќе бидат кажани за тоа на каков начин треба да се живее и да се заработува за живот, тоа нема да го промени фактот дека целиот живот на овие луѓе е посветен во служба на гревот. И кога Црквата, свештениците и верниците одеднаш им велат на таквите: „Чекај, не се живее така! Пропаѓаш заедно со гревовите“, реакцијата често не е ни непријателска, туку следнава: „ Добро де, пушти ме, не ме замарај. Немам ништо против тоа што го правиш, но не треба мене да ме учиш како да живеам, оди си одовде, продолжи понатаму, не ми се мешај во животот“.
Слична приказна слушнавме од устата на евангелистот Матеј. Господ дојде во земјата Гадаринска и исцели двајца страшни, демоноопседнати луѓе, кои страдаа долги години, а нивните сонародници и соседи веќе се помириле со тоа. Свињите, во кои се вселија демоните, веднаш истрчале од урнатините во водата и целото стадо погинало на отворено море. Овчарите кои го виделе ова чудо истрчале во градот и раскажале како непознатиот Учител ги истерал демоните и како ги излекувал опседнатите од ѓаволот, но притоа стадото свињи се фрлило во отворена вода. А луѓето што живееле во овој град излегле и му рекле на Христа дека не можат да Го примат, и Го молеле да си замине од нивната земја.

TVIT31
           И ние често се однесуваме така. Дури ни оние луѓе кои иако се нарекуваат христијани, отворено живеат во такви гревови кои дури и на овој свет смрдат, но и оние луѓе кои навидум живеат добар живот, за кои Црквата и зборовите Божји не се нешто туѓо, всушност често му велат на Христа: Господи, не можеме повеќе да го издржиме ова, ќе останеме со нашите гревови, страсти, со смислата на животот што ни ја всадуваат нашите најблиски, соседи и овој свет. Те сакаме, те почитуваме и разбираме колку си голем Учител, можеш да изгонуваш демони, но остави не, подобро е да го водиме животот на кој сме навикнати“. Светите отци и толкувачи на Евангелието овие свињи кои се фрлиле во морето ги нарекуваат човечки страсти. Толку многу ги сакаме нашите навики, тие ни се мили и драги.
На луѓето им се допаѓаат прасенца затоа што се неодоливи. Луѓето се насмевнуваат кога ќе видат колку се слатки и преслатки; ги земаат во раце, се фотографираат со нив. Но, кога прасето ќе порасне, тоа е многу различно од другите животни по тоа што постојано се тркала во кал и мириса навистина одвратно. Тоа веќе не ги возбудува луѓето. Напротив, сосема спротивно. Ако имате можност, многу е корисно да отидете во еден  свињарник и да го споредите мирисот на свињата со мирисот на другите животни.

TVIT32
           Значи, живееме со овие свињи, нашите страсти, не го гледаме и не го чувствуваме мирисот што пред Бога е одвратен и смрдеа. Затоа што кога доаѓа Господ да не исцели од овие демони и страсти, ние велиме: „Господи, ова можеме, и  ова можеме, но ова е веќе премногу“. Остави не, продолжи понатаму, учи некој друг“.

Не велиме како што рекол апостол Петар кога видел чудесен улов  на риби  и му рекол на Христа: „Господи, оди си од мене, оти јас сум грешен човек“ (види: Лк. 5, 8), туку зборуваме така како би останеле со своите гревови со своите свињи, со своите пороци. Како би им служеле и како тие би ни служеле нам.

Спротивно на тоа, нашите зборови треба да бидат сосема поинакви: „Господи, остани со нас! Господи, биди со нас! Господи, научи нè, Господи, избркај ги демоните од нас! Господи, избави нè од нашата гревовност, порок и грев!“

јеромонах Игнатиј Шестаков / prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

Јануари 2023 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная