Архијерејска Литургија во Лесновскиот манастир
На 12.1.2023 г., кога Црквата го прославува споменот на великиот светител од нашето време и од нашиот род – светиот Гаврил Велички, како и споменот на светата маченичка Анисија и на преподобната Теодора Цариградска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во Лесновскиот манастир ,,Свети архангел Михаил и свети Гаврил Лесновски”, обителта во која и се подвизуваше светиот Гаврил, епископот Велички.
На Архиепископот му сослужуваа Митрополитот Волоколамски г. Антониј од Руската Православна Црква и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и свештенослужителите од Руската Православна Црква: митроносниот протојереј Николај Балашов, протојерејот Игор Јакимчук, архимандритот Васијан и јерејот Александар Ершов; свештенослужителите од Романската Православна Црква: протосингел Јован, протојереј Виорел Даниел Падманџиу и јеромонах Лука; протосингел Исак од Брегалничката епархија и протоѓаконот Александар Димитријов и ѓаконот Драган Иванов од Скопската епархија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/arhierejska-liturgija-vo-lesnovskiot-manastir/