Свети Марко Подвижник: За животот и списите
Свети Марко Подвижник спаѓа во бројот на прочуените египетски оци, но сосем малку е познато за неговиот живот. Паладиј, во Лавсаик, во ХХ глава, пишува дека го видел лично и дека бил извонредно тивок и кроток, така што во тоа никој не можел да се спореди со него. Тој сакал од своите најмлади години да го изучува Светото писмо и така добро го научил, та го знаел напамет целиот Стар и Нов завет.