Насекаде е неопходна побожноста. Бог ги создава луѓето без претходно да ги определи како успешни или неуспешни во нивниот живот, но оној, што нема побожност, каков живот и да живее, тој ќе претрпи неуспех. Додека, побожниот човек напредува, каде и да се наоѓа, бидејќи Божјата благодат е со него.
Има брачни парови кои живеат многу добродетелно и достигнуваат светост.
Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците и Божјите угодници, односно го започнал својот подвижнички живот на планината Синај во Египет. Како послушник Јован поминал речиси 20 години со својот духовен учител, а по смртта на мудриот старец, се повлекол во потполна самотија на Синајската планина.
Ако не сакаш да страдаш, не барај НИ ДА СЕ ИСКАЧУВАШ! Ако не сакаш да тагуваш, НИ БЛАГОДАТ НЕ БАРАЈ!… Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? Толку ли бргу се откажуваш од борбата? Еве гледај. Бог им допушти на демоните да вршат влијание за да видиш каде се наоѓаш, за да се појави твојата гордост, за потоа да се смири твоето срце, за да осознаеш дека си
Прашањето не е за тоа што го пишуваме, туку главно за тоа што не го пишуваме затоа што се плашиме. Се плашиме дека ќе го прочитаат и разберат, дека ќе не изобличат, дека погрешно ќе не разберат, дека нема да ја видат длабочината на нашата болка, на нашата мисла, на нашето срце. Затоа претпочитаме да напишеме нешто полесно, поедноставно и подостапно, нешто плитко и банално.
И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во животот на светителите коишто иако имаат стигнато многу блиску до Бога, сепак имаат едно вистинско покајание, еден покаен дух кој нѐ изненадува, зашто ние ја гледаме светоста на нивниот живот, но и крајното смирение и големото покајание нивно.
Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му се приклонува на гревот, толку Божјата благодат отстапува од него.
Затоа и подвигот на првиот степен – посебно во време на сокривање на првата благодат, изгледа многу тежок. Треба да се вложат
Злопамтливоста е последица на гневот,
таа е чувар на гревовите,
омраза кон праведноста, пропаст за добродетелите,
отров за душата, црв на умот,
посрамување на молитвата, пресекување на молењето,
Кога ни задават рани со тоа што нѐ изобличуваат, да си спомнуваме за нашите гревови, сѐ додека Господ, гледајќи ја нашата мака, како и злото што ние самите си го правиме, не ги избрише нашите гревови и маките, што го нагризуваат нашето срце и не ги претвори во радост, како што вели за тоа светиот пророк и псалмопеачот Давидː „Кога се намножуваа тешкотиите и во срцето..
Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос – свештенослужеше во свети Јован на улицата Булиагмени, во мала црквичка, пред да се направи големиот храм кој што е денес. Беше еден прост отец кој што секоја ноќ правеше бдение, даваше сé како милостина, постеше и се молеше и служеше секој ден.
Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста, најнапред треба да го уништиме нејзиниот внатрешен причинител, а тоа е гревот. Господ Исус Христос како Бог ја знаел причината за болеста на фатениот, па затоа најнапред ја излекувал неговата душа, опростувајќи му ги гревовите.
Самиот човек е виновен за своите болести. Најчесто е болен од мрзливост и алчност, но понекогаш и од неразумност, незнаење и недостиг на здрав разум..Човекот во суштина е издржлив.
Во неволја е само поради нарушувањето на „работните“ функции,...
Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во Црквата) поради воплотувањето на Синот Божји од Дева Марија и Светиот Дух, Кој стана и Човек – Богочовек, како и поради сето она што Он го направи за нас и нашето спасение. При сето ова,
Св. Архангел Гавриил е служител на Божјата сила и семоќност и известител на најдлабоките спасителни Божји тајни. Неговто име значи „сила Божја“. Имено, на архангел Гавриил му се припишува учеството во настаните од видението на Јоаким до возвестувањето на добрата вест на Ана. Подоцна, откако светата Дева на четиригодишна возраст била одведена во храмот, архангел Гавриил ја поучувај и секојдневно и’ носел храна во деветиот час, во продолжение на 12 години.
Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот на овој живот, и само во овој живот, имаме единствена можност да Го препознаеме Оној Кој се распна заради нас и да Го исповедаме за Господ преку волевиот подвиг на послушанието кон духовниот отец, и во свое време од Него Самиот да слушнеме во срцето:
Покажи ме како Твое живеалиште на единиот Дух, а никогаш живеалиште на гревот. Та како од Твој дом по примањето на светата Причест да бега од мене секој злотвор, секоја страст. за молитвеници Ти ги приведувам сите светии, чиноначалствата на бесплотните сили, Твојот Претеча, мудрите Апостоли, а со нив, и Твојата Непорочна, чиста Мајка, со чии молби, милосрден, прими ме, Христе мој, и син на светлината,