Доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ : Секој ден – Мамонден
Станувајќи критериум на етиката, одредувајќи што е добро, а што лошо, профитот се наметнува и како критериум кој се дрзнува да ја одреди и смислата на човечкиот живот и неговата крајна цел. Доколку една работа не носи профит – таа работа не вреди ни да се работи; доколку еден човек не остварува профит, или не придонесува за остварување на профит во општеството – тогаш која е смислата на постоењето на тој човек?