Св. Кирил и Методиј – рамноапостолни благовесници на Христовата љубов и мир (25.05.2015)
“ Не со меч и оган, туку со неодоливата сила на љубовта Христова, со словото Божјо, со неискажливо смирение, со проповедта на мирот Божји, ги освоија оние коишто живееја во „темнина и смртна сенка“, па тие доброволно станаа поданици на Царството Христово. И ете, на темелот кој тие богомудро го положија се издигна моќна духовна градба, како блескаво и неизбришливо сведоштво на верата и љубовта во Троичниот Бог.