Свети Максим Исповедник - Втората стотица – За љубовта
Умот ги добива страсните помисли на следните начини: преку сетивата, преку состојбата на телото и преку спомнувањето. Преку сетивата – кога врз нив дејствуваат оние работи, спрема коишто имаме страст, - тогаш тие поттикнуваат страсни помисли. Преку состојбата на телото – кога не се воздржувањето во исхраната, или кога под дејство на демоните или од некаква болест ќе се измени состојбата на телото и ќе почне да го поттикнува на страсни помисли или бунтување против Божјата промисла.