Венко Андоновски : Талент и самоубиство!
Се разбира, тие лицемери забораваат дека чкрапалото на револверот на челото од самоубиецот не го повлекува самоубиецот, туку целото општество. Ние ги самоубиваме луѓето, без разлика што најлицемерно го сфаќаме самоубиството како „нивен личен избор и чин“. Повторувам: сите ние ги самоубиваме, во драма полна одвратни интриги, во кои повлекувањето на чкрапалото е само спуштање на завесата откако сите заедно сме го одиграле последниот чин на нивно понижување.