Божјата грижа
Една Велика Сабота монасите се соочија со тажна состојба. Во манастирот немаше никакви намирници, дури ни просфори за Божествената Литургија. Бараа и бараа, но ништо не најдоа. Времето минуваше и ближеше великиот миг на Воскресението. Таа светла празнична вечер решија да не јадат, зашто така им налагаше ситуацијата. Но никако не можеа да се помират со тоа дека ќе останат без света Причест. Залудно одново бараа некое заборавено шише со вино или некое парче леб.