Храмот изграден за еден ден во Царицино ќе биде пренесен во Крим
Традицијата на градење на едноставни храмови била воспоставена од кнез Владимир. Оваа година храмот изграден од дрво од Архангелск, по образ на Троицката црква во Антарктида, по завршувањето на фестивалот ќе биде пренесен во една од парохиите на РПЦ на Крим. „Длабока символика е тоа што храмот се предава во лулката на крштението на Русија“, напомна Владимир Черников, раководител на Одделот за национална политика, регионални врски и туризам на Владата на Москва.