На 6.12.2021 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 54-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Вископреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а беа присутни и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, како и Епископот Полјански г. Јаков.