логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Придобивајќи го залогот на богатата смиреност, во која се наоѓаат скриените сокровишта на љубовта, во кои се пазат бисерите на умилението, каде и Царот – Христос Бог се наоѓа на престолот, окован со злото, Кој им ги раздава даровите на Светиот Дух на Своите питомци, удостојувајќи ги со поголеми добриниː со зборовите на Неговото знаење, со Својата неискажлива премудрост, со гледање на божествените работи, со гледање на човечките работи, со животворната умртвеност во бестрашноста и најтесно соединување со Него, за да царува заедно со Него во царството на Оца и Бога, како што и Он Самиот, молејќи се за нас говориː „Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледам  Мојата слава што си Ми ја дал“ (Јов. 17,24).

Втора стотица
природни и психолошки
глави за очистување на умот

22.  Испраќањето на искушенијата е соодветно според болеста на страстите и гревовната гнилост што е во нас, па судејќи според нив, горчливата чаша на Божјата промисла е растворена за нас построго или помилосрдно. Кога гревовната материја, која се напластила во нас – од сластољубиви помисли и од љубов кон животот – се лесно излечливи и кога лекарствата дејствуваат, тогаш Лекарот на душите ја дава чашата на искушенијата, која е растворена со милосрдност, зашто во таквиот случај сме измачувани за нашите човечки немоќи – и страдаме како луѓе. А кога имаме горделиви помисли, кои тешко се лекуваат, кои навлегле длабоко во нас и причинуваат смртоносно растројство, тогаш оваа чаша ни се дава неразблажена – со целата острина и лутина на гневот, така што болеста да биде ослабена и изнемоштена од огинот на искушенијата кои следат едно по друго, и да биде најпосле отстранета од нашите души, под дејство на смирението што се родило во нив, откако горчливите помисли на гордоста ќе ги потопиме, во солзи и пред нашиот Лекар ќе се покажеме чисти во светлината на смирението.


23.  Неможно е за оние што се подвизуваат да ги избегнат искушенијата, кои следат едни по други, ако не ја сознаат својата немоќ и не се сметаат туѓи на својата правда и недостојни за никаква утеха, за никаква чест и за никаков спокој. Целта на Бога, Лекарот на нашите души еː секогаш да бидеме смирени, скрушени, да се отстрануваме од секој човек и да подражаваме на страданијата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Бидејќи Самиот кроток и смирен по срце, Он сака и ние во кротост и смиреност во срцето да одиме по патот на Неговите заповеди.


24.  Смирението не се состои во наклонувањето на главата, ни во неуредната и неисчешлана коса, ни во неиспраната наша облека – груба и сиромашна, во што многумина ја гледаат оваа добродетел, туку таа е во скрушеноста на срцето и смиреноста на духот, како што вели светиот пророк Давидː „Срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлаш“ (Псал. 50, 17).


25.  Едно е смирението со зборови, друго е смирението, а трето е смирената мудрост. Смирението со зборови и смирението се пројавуваат кај оние што се подвизуваат во секое големо страдание, во доброволни лишувања и во надворешните добродетелни трудови, зашто сите тие се однесуват на телесните дејствувања, па затоа при нив душата не е секогаш во одлучно и добро расположение, па кога се среќава со искушенијата, таа се збркува. А смирената мудрост е нешто божествено и големо, а го има само кај оние, кои веќе по наитието на Светиот Дух ја одминале средината, односно напреднале по најкусиот пат на добродетелтта – со помош на смиреноста.

 

26.  Смирената мудрост, откако навлегла длабоко во душата и ставила тежок камен врз себе, силно се притиска, така што целата нејзина сила се пројавува во незадржливо течење на солзите, од кои умот се очистува од секоја нечистотија на помислите, и под дејство на Бога е предизвикуван, слично на Исаија, да говориː „Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, - а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот“ (Иса. 6, 5).

27.  Кога ќе те посети големата смиреност со зборови, тогаш ќе те напушти навиката да изговараш надмени зборови. Кога, пак, смиреноста ќе се вкорени во длабочината на твоето срце, тогаш ќе те напушти и смирението со зборови. А кога ќе бидеш збогатен со смирената мудрост одозгора, тогаш ќе се оддалечат од тебе и надворешната смиреност и смиреноста со зборови, според  зборовите на светиот апостол Павлеː „А кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното“ (1. Кор. 13, 10).


28.  Колку е оддалечен исток од запад, толку е оддалечена вистинската смиреност со зборови од вистинската смиреност. И колку што е поголемо небото од земјата и душата – од телото, толку е посовршена и поголема смирена мудрост, која се дава од Светиот Дух, од вистинската смиреност.

29.  Оној што има смирен вид и смирена облека, оној што говори смирено, не сметај го веднаш и смирен по срце. Исто така, ни оној што говори високо, не мисли одеднаш дека е надуен и горделив, без да го провериш тоа; по нивните дела ќе видиш какви се.


30.  Плодовите на Светиот Дух сеː „љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста и воздржливоста“ (Гал. 5, 22- 23). А плодовите на спротивниот дуг сеː омразата, светска малодушност, душевната несреденост, љубопитното мудрување, безгрижноста, гневот, неверувањето, зависта, прејадувањето, пијанството, кавгаџивството, осудувањето, похотта на очите, надуенеста, гордоста. По ваквите плодови распознај го дрвото и на овој начин најточно ќе распознаваш каков дух има оној што говори со тебе. Нивните белези се уште појасно покажани преку зборовите на Господаː „Добриот човек од  доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште – лошо“ (Матеј 12, 35). Зашто, дрвото се познава според својот плод.


31.  Во кого се плодовите на Светиот Дух, и Бог пребива во нив. Од нив извира неизматениот извор на зборовите на мудроста и разумот – било да се на мирен или на висок глас кажувани. Во кого не се видливи плодовите на Светиот Дух, а се гледаат плодовите на спротивниот дух, во нив е мракот на незнаењето на Бога, толпа на страстите и живеалиште на непријателските духови, без оглед на тоа дали говорат смирено или ти се чини да имаат смирена мудрост, дали говорат за возвишени работи  или се облечени на еден или на друг начин.

32.  Вистината не се распознава по изразот на лицето, ни по надворешниот изглед, ниту по зборовите, во сето ова не почива Бог, туку во скрушените срца, во духовите на смирените и во душите, кои се посветени со богопознанието. Се случува некој надворешно, со зборови вели дека е подолу од другите и пред секого со зборови се смирува, за да ја улови пофалбата од луѓето, а внатре, во душата, да биде преисполнет со високо мислење за себеси, со лукавство, завист и злоба против својот ближен. Исто така, се случува некој друг надворешно, кога говори, борејќи се за правдата и против лагата или против престапувањето на божествените закони, кој се застапува само за вистината, а внатрешно да биде полн со скромност, смиреност и љубов спрема ближниот, иако понекогаш, угледајќи се на светиот апостол Павле, да се фали со Господа и да говориː „Ќе се пофалам со своите немоќи за да се всели во мене силата Христова“ (2. Кор. 12, 9).


33.  Бог не ја гледа надворешноста на она што го говориме и што го правиме, туку ги гледа душевното расположение и целта, со кои правиме нешто за она што го правиме видливо и што го говориме, а и за она што го мислиме. Он не гледа и не суди според зборовите и надворешните дела, како што прават луѓето, туку гледа на нашето внатрешно расположение и на целта што ја имаме во себеси, па според нив непогрешно ги оценува луѓето. Во Светото писмо е реченоː „Човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето“ (1. Цар. 16,7).


34.  Бог одредилː да не се прекратат никогаш, од род во род, даровите на Светиот Дух за пророците за раководителите на Неговата Црква. Зашто, ако древната змија не престанува да им ги исполнува ушите на луѓето со отровот на гревот за погубување на нивната душа, тогаш Оној „Кој на сите ним им ги создал срцата, ги знае сите дела нивни“ (Псал. 32, 15) „Кој од прав го издига сиромашниот и од калта го вади бедниот“ (Псал. 112, 7), исправајќи му го на Своето наследство „духовниот меч, кој е словото Божјо“ (Ефес. 6, 17)? Оние што се откажуваат од себеси, почнувајќи со смирението, се издигнуваат на височината на знаењето, а одозгора добиваат, преку Божјата сила, слово на премудрост, „збор на гласниците со голема сила“ (Псал. 67,11) кои го благовестат спасението во Неговата Црква.


35.  Познај се себеси; тоа е навистина вистинско смирение, кое нѐ учи да бидеме смирени и да имаме скрушено срце. Тоа ни помага да се принудуваме да останеме такви. А, ако не си се познал себеси, ти не знаеш што е смирението, а уште и не знаеш ни како се добива, ниту како се запазува; уште не си се допрел до тоа, зашто самопознавањето е почеток на извршувањето на Божјите заповеди.


38.  Секој што се познал себеси, тој се одморил од сите свои дела за Бога и веќе навлегол во Божјото светилиште, во духовното богослужење на Духот – во божественото пристаниште на бесмртноста и смиреноста. Оној што уште не се познал себеси преку смирената мудрост, тој е уште во своите трудови, уште чекори по патот на овој живот. За ова рекол и претскажал Давид, велејќиː „И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене сѐ додека не влезам во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај“ (Псал. 72, 16 -17).


39.  Кога некој ќе се познае себеси, а ова бара големо запознавање однадвор, незафатеност со земни работи и сестрано и строго испитување на својата совест, - тогаш одеднаш се вселува во душата некакво смирение, кое не може да се искаже со зборови, кое му дава на срцето скрушеност и тажни солзи на умиление, така што го доживува во себеси ова дејство – се чувствува дека е земја и пепел, црв, а не човек, дека е недостоен дури и за овој земен живот, а за овој превасходен дар Божји, со кој се удостоил – се исполнува со некакво неискажливо пијанство на умилението, - навлегува во длабочината на смиреноста, и откако излегол од себеси, надворешните работи не ги смета за ништо – јадењето, пиењето, облеката, - како да е изменет „десницата на Севишниот се изменила“ (Псал. 76,10).


40.  Смиреноста е нешто што е највозвишено во добродетелите, зашто во кого ќе се вкорени преку вистинското покајание и ја прими молитвата како своја сопатничка, заедно со воздржливоста, тогаш таа веднаш го прави слободен  од страстите, му дава мир, срцето го очистува со солзите и го исполнува со тишина преку наитието на Светиот Дух. Кога така ќе се настрои, тогаш им се разјаснува преку тоа словото за знаењето на Бога; тогаш навлегува во созерцание на Божјите тајни, на тајните за Божјото царство и познавање на созданијата. Но, бидејќи се вдлабочува во длабините на смирената мудрост, а од ова се зголемува и познавањето на своите граници и на својата човечка немоќ, на немоќта на човечката природа и се зголемува љубовта кон Бога и кон ближните, така што сме убедени дека осветувањето го црпеме од близината на оние што се со нас.


41.  Ништо толку не ја окрилува душата да копнее по Бога и да Го сака, како што го прават тоа смирената мудрост, умилението и чистата молитва. Смирената мудрост го скрушува духот, пролива потоци солзи, ни дава сознание за нашите ограничени човечки сили, нѐ учи да ја сознаваме нашата немоќ; умилението го очистува нашиот ум од сѐ земно, го просветува окото на срцето и ја прави душата потполно озарена од божествената светлина; чистата молитва целиот човек го соединува со Бога, го прави сотрпезник на ангелите, му дава да ја вкуси сладоста на вечните Божји блага, го исполнува со сокровишта на големите тајни, и, разгорувајќи го пламенот на оваа љубов, го расположува да се осмели да ја жртвува својата душа за своите ближни, зашто достигнал преку границите на човечкото ништожништво.


42.  Придобивајќи го залогот на богатата смиреност, во која се наоѓаат скриените сокровишта на љубовта, во кои се пазат бисерите на умилението, каде и Царот – Христос Бог се наоѓа на престолот, окован со злото, Кој им ги раздава даровите на Светиот Дух на Своите питомци, удостојувајќи ги со поголеми добриниː со зборовите на Неговото знаење, со Својата неискажлива премудрост, со гледање на божествените работи, со гледање на човечките работи, со животворната умртвеност во бестрашноста и најтесно соединување со Него, за да царува заедно со Него во царството на Оца и Бога, како што и Он Самиот, молејќи се за нас говориː „Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледам  Мојата слава што си Ми ја дал“ (Јов. 17,24).


43.  Кога некој, трудејќи се дејствително да ги извршува Божјите заповеди, оддеднаш се исполни со неискажлива радост, така што се изменува со некаква чудна и неискажлива промена и, како да го  соблекол своето земно тело, заборава за сонот, за храната и за другите природни потреби, тогаш треба да знае, дека го посетил и дека таа посета го предизвикува животворното умртвување, преку кое се навлегува во состојбата на бестелесните сили. Причината на овој блажен живот е смиреноста; хранителката и мајката – светото умиление; пријателката и сестрата – созерцанието на божествената светлина; престолот – бестрашноста; крајот – Пресвета Троица – Бог.


44.  Оној што влегол во оваа тврдина, не може да биде приврзан за нешто земно, не обрнува внимание на земните уживања, не прави разлика меѓу луѓето, туку, како што прави Бог, Кој им дава дожд и сончевина и на праведните и на неправедните, и на лошите и на добрите (сп. Матеј 5, 45), така и тој ги пушта зраците на својата љубов кон сите. Светиот апостол Павле пишуваː „Вам не ви е тесно во вас, но тесно ви е во срцата ваши“ (2. Кор. 6, 12), но кога си исполнет со љубов кон сите, и, ако чувствуваш незгода и тешкотија, тоа ќе биде само тогаш кога нема да можеш да правиш добро, колку што сакаш. Оттука, како некогаш од Рајската Градина, извираше „вода за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше во  четири реки“ (1. Мој. 2,10) – смирената мудрост, чистотата, бестрасноста и од ништо невознемируваната и молчелива молитва, која ја напојува целата духовна Божја твар – сите Негови созданија.

 

Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ – Том V

Подготви: Т.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная