Подвижнички поуки од св. Ефрем Сирски - Совети за покајание и подготвување за спасение
Што е човекот? – Сон и сенка. Ангелите, кои ја зеле неговата душа, се издигнуваат кон небото, таму каде што се началствата и властите – управителите на нечистите духовни сили. Тие се наши лоши обвинители; овде на земјава тие нѐ соблазнуваат и искушуваат, запишувајќи ги нашите лоши дела, а таму се наши мачители. Тие ја среќаваат душата на овој нејзин пат, ја набљудуваат и гревовите нејзини ги набројуваат – гревовите на