Свети Исак Сирски - Подвижнички поуки
Дарот без искушенија е пропаст за оној што го прима. Ако правиме добро пред Бога, и Он ни го дава Својот дар, треба да Му се молиме да ни даде знаење како да се смируваме, колку што можеме, или да ни подари стражар да можеме да го запазиме тој дар или да ни го одземе, за да не стане причина за наша пропаст. Зашто за сите не е корисно да имаат богатство и да го чуваат.