„Како христијаните можат да го отфлат стариот човек? Обновувајќи се со 'духот на својот ум' (Еф.4,23). Тоа значи, да се смени духот на умот, расположението на умот, навиките на умот; да се смени начинот на умување, начинот на мислење. Со збор: тоа значи да се преобрази и преобрати тој главен незнабожец во нас; од небог да се обрати кон Бог, од нехрист - кон Христос. А тоа се постигнува најпрвин со подвигот на верата, а потоа со неа, и со останатите евангелски подвизи на љубовта, молитвата, постот, смиреноумие, богоумие, здравоумие, кротост, воздржание... Секој од тие подвизи го обновува умот со своите преобразувачки сили. И умот постепено се исцелува од своите болни мисли, болни сваќања, постепено оздравува, додека со силата Христова, сосема не се исцели, оздрави ...“ - Отец Јустин Поповиќ
"Сѐ има своја божествена смисла, божествена цел, божествена вредност, сѐ – освен гревот, освен злото. Зашто во овој свет само гревот е безлогосен, безлогичен, бесмислен. Црната сила што го обесмислува светот, што ги обезлогосува битијата и тварите е гревот. Бог Логосот со овоплотувањето влегол во овој свет за да го ологоси, за да го протера од него гревот и неговата бесмисла, да зацари во него божествена смисла и да внедри божествена вредност. Само уништувачот на гревот во светот може да биде осмислител и просветител на светот. А тоа е единствено Он, единствено – Богочовекот Христос. Со овоплотувањето Он влегол во матицата на огревовениот свет за светот со Бог да се очисти од гревот и злото, да се осветли со Бог, да се просветли со Бог и да се осмисли со Бог. И навистина, Богочовекот е единствениот меѓу земните битија што божествено мудро, божествено совршено, божествено потполно ја објаснил тајната на светот и човекот.“
Избор од ФБ профилот на : Моника Николова
03.04.2018 лето Господово