логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО
ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ПОЗДРАВ -

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 

                Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.1
                Подвигот е Негов, а венците наши.2

Возљубени празникољупци,

Воскресението Христово е коренот на нашата вера! Во нашиот живот сè е насочено кон овaa сепобедна вистина. Преку тој спасоносен настан се удостоивме да учествуваме во тајната на верата, во тајната на надежта и во тајната на љубовта. Со Воскресението сè се исполни со праведност, мир и радост...3 Преку личноста на Богочовекот триумфираше животот, а смртта стана вистинска пасха, реален премин од ништожност и темнина во живот. Затоа, кој верува во Него, нема да се посрами4, туку ќе добие венец на животот5; кој се надева на Него, ќе добие голема слобода6, зашто Тој е нашата надеж7, и кој пребива во љубовта, пребива во Бога и Бог – во него8.
Навистина, нема поголема вест за човекот и светот од најрадосната вест за победата на животот над смртта. Со тој неповторлив настан, Бог ни објави дека сè ново создава9, и дека кој е во Христа, тој е ново создание.10
Со Воскресението добија смисла и небото и земјата, и човекот и светот, и времето и вечноста. Во радоста на Воскресението „ја видовме вистинската светлина, Го примивме Духот Небесен, ја најдовме верата вистинска“.11 Но да се стане учесник во таа радост, во таа тајна на благовестието12, најнапред треба да поверуваме и да се покаеме, живеејќи според Евангелието. А тоа, пред сè, значи да одиме по Христовиот пат, по патот на љубовта и простувањето, трпеливо поднесувајќи ги голготските искушенија и смирено носејќи го својот крст. Оттаму, тој пат значи и наше распнување, но и наше воскресение со Христа.
Преку силата на Христовото воскресение13се отвори пат за секој човек, а преку човекот и за сето создание кон Сеопштото воскресение, во кое не само што веруваме, туку и со надеж го очекуваме.14 Затоа, „кој ќе ја искаже, со зборови, силата Господова? Од смртни, ние станавме бесмртни! Тоа се големите дела на Крстот“15и на Воскресението – мудро поучува нашиот свети Климент.

Возљубени во Христа Воскреснатиот,

Овој Голем ден е дар Божји, дар во кој треба да препознаеме дека ништо не завршува со страдањето и со смртта, туку дека денот на Воскресението постана ден на животот! Тој настан ја откри и смислата на страдањето, но и потребата од благодарење во нашите животи, во секоја помисла и збор, и при секој чекор и дело. Само така ќе се здобиеме со удел во вечниот живот, кој ни се открива и дарува во Христа Воскреснатиот. – „Со Своето страдање, Тој нè научи како да страдаме, а со Своето прославување, ни даде можност да се прославиме со Него“16, вели св. Григориј Богослов. Воскреснатиот Господ се покажа Победник над гревот и смртта, и со Своето воскресение ни дарува живот вечен, ни ја врати изгубената заедница и го воспостави првобитниот однос меѓу Создателот и созданието. Преку Воскресението ни се откри радоста од живеењето по Духот,17 радост каква што никој друг не може да ни даде.18 Затоа, на Велигден, на овој ден, сè се радува со неискажлива и славна радост19, и со торжествен восклик извикува: Господ „го избави човештвото од утробата на Адот и го возведе на Небесата, и го приведе кон древното достоинство на нераспадливоста“.20

Возљубени во Господа,

Сега, кога веќе ни е откриен вечниот живот,  да не бидеме упорни во омразата и злото, туку да бидеме постојани во покајанието и простувањето, во воздржувањето и трпението. Нашите молитви да ги внесуваме во ризницата на срцето, и од него, пак и пак, не само да го изговараме Христовото име, туку со нашите постапки да ги исполнуваме Христовите пораки, оти праведни се само оние што постапуваат по сите заповеди и повелби Господови21. Впрочем, не секој што вели Господи, Господи ќе влезе во Царството Небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Отецот Небесен22. Затоа, да не се сакаме со зборови и јазик, туку со дела и вистина23. Па, така поттикнати од верата во Христа и исполнети со Неговата љубов, која се дели и дарува секому, да покажеме дека сме Негови чеда, не само по името, туку и по делата24, како што вели нашиот свети Климент. Со венецот на славата ќе се удостоиме, само доколку ги победуваме искушенијата и нашиот живот го преобразуваме со евангелската вистина. Затоа, да се потрудиме никој да не остане надвор од светлината Христова, со која, како христијани, треба да го озаруваме светот околу нас. Да се трудиме да не бидеме повод за соблазна и да не биде хулено името Христово поради нашите дела и постапки. Да се молиме во мир, но и со мир да излегуваме во светот, зашто не би можеле вистински да се радуваме ако сè уште грешиме и ако не сме помирени со Бога. – Не може да има правда, доколку другите ги онеправдуваме, ниту мир – доколку самите не сме исполнети со мир! Нашиот живот треба да стане воскресение, и тоа по мерата на нашето покајничко преобразување во кое ќе се покажеме мртви за гревот, а живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ.25

Возљубени чеда на Мајката охридска и македонска Црква,

Животот на сите вистински следбеници на Христа е исполнет со искушенија, со духовни падови и подеми – со крст, но и со воскресение. Нашиот народ и нашата Охридска и Македонска Црква се сведоци за тоа низ сета своја историја. Потврда за тоа е и настанот од пред 1000 години, од времето кога византискиот цар Василиј, по победата над нашиот македонски цар Самуил, во битката кај Беласица, одлучил Охридската патријаршија да ја сведе на ранг на Архиепископија. Така, нашата Охридска столица продолжила како автокефална со својата дејност сè до 1767 година, кога со ираде на Високата Порта ѝ било прекинато нејзиното постоење. Но, даде Бог, по воскреснувањето на македонската држава се исполнија условите да се возобнови и нашата древна Црква. На Вториот црковно-народен собор, одржан во Охрид, на почетокот од октомври 1958 година, соборјаните донесоа Одлука за возобновување на Охридската архиепископија. На тој историски Собор, епископот Доситеј е избран за прв Македонски архиепископ и Поглавар на возобновената Охридска архиепископија како Македонска православна црква.
За жал, еве и по 60 години, црковно оправданата постапка на македонскиот православен народ е дочекана со неодобрување, преку селективното и пристрасно разбирање на каноните, кои се толкуваат и применуваат по нечија дневна потреба. Но ние не губиме надеж и веруваме дека со помош на Семилостивиот ќе ни се врати местото во сеправославното семејство. Затоа, трпеливо молиме, бараме и чукаме26 на портите од срцата и совеста на нашите православни браќа. А што бараме? – Бараме да нè препознаат дека сме тоа што сме биле – чеда на своја вековна Црква, во која исповедаме и живееме „според верата на апостолите и на отците, верата православна – верата што ја утврди вселената“.27 Не бараме ништо повеќе од тоа што го имал, од тоа што го заслужува, и што му припаѓа на нашиот православен народ. Зашто, со нашата полна црковна самостојност, ќе се збогати и ќе се умножи Црквата Христова. Со тоа и православните браќа и Помесните цркви ќе ја избегнат можноста да паднат во негативните расположби и постапки на своето историско минато.
Со Божја помош, по молитвите на свети Климент Охридски – нашиот патрон, да продолжиме по патот на Господа, да ја чуваме чистотата на верата, единството во Црквата и меѓу нашиот народ, да ги чуваме и браниме духовните и националните вредности и посебности, знаејќи дека сегашново време не е ништо спрема славата што треба да ни се открие28 и дека ништо не може да нè оддели од љубовта кон Бога29 и од она што е наше – македонско.
Верата во Воскресението е извор на трпение, љубов и надеж. Затоа, и на овој и на секој Велигден, радосно сведочејќи ја спасоносната вистина на Воскресението, да објавиме и меѓусебно да се поздравиме со мироносните зборови:

                    ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
                    НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

                    †СТЕФАН
                    АРХИЕПИСКОП
                    ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
                    со членовите на Светиот архиерејски синод
                    на Македонската православна црква
                    † ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и
                    администратор Австралиско – новозеландски
                    † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски
                    и администратор Австралиско – сиднејски
                    † НАУМ, Митрополит Струмички
                    † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
                    † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
                    † ПИМЕН, Митрополит Европски
                    † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
                    † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
                    † ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
                    † ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
                    † КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

                    Велигден, 2018.


1 1 Кор 15, 57.

2 Св. Климент Охридски, Слово за Пасха, Собрани дела, Скопје 2012, 300.

3 Рим 14, 17.

4 1 Птр 2, 6.

5 Јк 1, 12.

6 2 Кор 3, 12.

7   1 Тим 1, 1.   

8   1 Јн 4, 16.  

9    Откр 21, 5.

10 2 Кор 5, 17.

11 Литургиска химна.

12 Ефес 6, 19.

13   Фил 3, 10.

14   сп. Рим 8, 19-20.

15   Св. Климент Охридски, Истото.

16  Св. Григориј Богослов, Пасха, Духовни бисери од светите отци, Скопје 2001, 233.

17  сп. Рим 8, 4.

18  сп. Јн 16, 22.

19 1 Птр 1, 8.

20 Синаксар, во светата и велика недела на Пасха, Цветен Триод, Скопје 2009, 13.

21   сп. Лк 1, 6.

22   Мт 7, 21.

23 1 Јн 3, 18.

24 сп. Св. Климент Охридски, Поука за спасение на душата, Исто 382.

25 Рим 6, 11.

26 сп. Мт 7, 7.

27 сп. Синодикон на VII вселенски собор.

28 Рим 8, 18.

29 Рим 8, 39.

 

Извор: МПЦ-ОА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

22/01/2025 - среда

Светиот маченик Полиевкт; Преподобен Евстратиј; Свети Филип, митрополит Московски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная