Св. Григориј Палама: Секое тело ќе го види Божјото спасение
Бидејќи Крштението не е само богопознание, туку и обва и ги посочува секирата и вечниот оган: „Секое дрво, што не дава добар плод, се сече рска за преобразба и богоугодни дела, Христовиот Предвесник и Крстител не укажувал само на познанието на Бога, туку проповедал и покајание, барајќи достојни плодови на покајанието, односно праведност, милосрдие, скромност, љубов и вистина.









"И кога излегуваше од водата, веднаш виде како Му се отвораат небесата. Гледате ли дека Светото Крштение претставува врата кон небото и дека таму ги воведува оние што се крштеваат? Заради тоа не вели едноставно ‘се отворија небесата’, туку ‘Му се отворија небесата’, и сѐ што се извршуваше на Него,
Потребен е хируршки пристап со голема претпазливост, вештина и љубов. Тоа е исто како, кога му приоѓате на заробениот лав да му ги одврзете оковите за да може сам да оди по патот на слободата. Младите луѓе имаат празнини, тие ја читаат книгата на животот со страници што недостасуваат. Се обидуваме да откинеме неколку страници, но на овој начин ја лажираме нивната животна приказна.
Крштението е Света Тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе, кој бил унакажан од гревот. Исто така, преку крштението се влегува во Црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Спасителот: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5).
Не знам кога ќе налета безбројно мноштво пламени ангели, за да ги грабнат нашите души, кои не направиле некакво добро. Да бидеме Божји угодници, љубезни кон луѓето, да оставиме добар спомен на земјата; да пристапиме добро кон небесата. Да бидеме вистински христијани, а не само по име. Целото свое тело да Му го предадеме на Бога, откако ќе го одземеме од ѓаволот.
Првите шест дена се денови на творенија, на работа. Денот седми е ден за покој, ден Господов. Осмиот ден, пак, е симбол за идниот век, ден на вечното празнување со Христа. Господ Христос се обреза и го исполни во целост Стариот Завет, давајќи ни го во наследство новозаветното обрезание – крштението, кое е внатрешно, духовно обрезание, завет за заедница на човекот со Бога, и труд за зачувување на таа заедница.
На 15.01.2021 година, во Кочани, обителта на св. в-мч Пантелејмон , украсена со облека од скрушени молитви, го празнуваше споменот на многупочитуваниот саровски старец преподобниот Св. Серафим.
Тие покајани грешници стануваат побели од снег пред Божјото лице, бидејќи се очистени со Неговата благодат. Дојдете, вели Господ. Ако вашите гревови се црвени, ќе станат бели како снег.
Што се однесува, пак, до тоа што јас сум монах, а вие човек во светот, тоа не менува ништо. Господ бара срце исполнето со љубов кон Бога и ближниот бидејќи нашето срце е место во кое Тој сака да живее и каде Тој се јавува во полнотата на Својата небесна слава.
Верата на Самарјанинот во Христос како во Месија и Спасител на светот – тоа е вера во тоа дека Оној Кој го исцелил неговото тело, може да ја исцели и неговата душа; Оној Кој повторно го вратил кај неговиот народ, може да му ја отвори вратата на рајот; Оној Кој му дарувал очистување од лепрата, му дарува и простување на гревовите, и вечен живот.
Помешани чувства
Бидејќи, како може човекот целиот себе да се опфати со очите?

Ти, Кој седиш на огнозрачен престол на висините, со Твојот беспочетен Отец и со Божествениот Дух, си благоволил да се родиш на земјата од неискусомажна девојка – Твојата Мајка, Исусе! Поради тоа си бил и обрезан како човек осмодневен. Слава на Твојот себлаг совет; слава на Твоето снисходење, единствен Човекољупче!
























