Секој од нас е живописец на сопстениот живот:
нашата душа е како платно,
доблестите се боите,
а Исус Христос е мерката по која треба да сликаме.
Зошто се оттргна од Мене, Кој те сакам?
Зошто се придружи кон мон Мојот непријател?
Сети се, дека Јас за тебе слегов од небото!
Сети се, декa Јас за тебе се облеков во плот!
Сети се, дека Јас за тебе се смирив!
Помисли, каде и во кое земно задоволство ќе најдеш мир и одмор? Каде ќе најдеш внатрешен мир и трајна радост? Можеби во славата? Но, денес си почитуван, а утре намразен. „Секој човек е трева, сета слава негова е како полско цвеќе. Тревата се исушува, цвеќето овенува, штом ќе дувне врз него здивот на Господ” (Ис. 40, 6-7). Но, можеби во богатството?
И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да ги приведе луѓето кон спасение. Духовниот отец е, всушност, сведок Христов и истерувач на демони, па затоа и ловец на луѓе – заробеници на демоните.
Ден ни осамна
вечер не доаѓа,
бидејќи време се растопува
зауздано под палка
која Он ти ја дарува.
Го имаше дарот да проѕира во иднината, совршувајќи служби за луѓе што се навидум со одлично здравје, а за кои тој знаеше дека им претстои скора смрт. Тој се појави крај постелата на верник пред умирање кој се молеше Владиката да дојде, иако болничкиот персонал одби да го повика. Причести со Светите Христови Тајни една жена што умираше од беснило, а таа веднаш потоа доби напад, устата ѝ се запени и ги поврати Светите Дарови.
Офкањата на постар пациент се слушаат во одделот на големата државна болница во Украинскиот град. Канцерот е широко распространет. Болките се ужасни. Лековите не се доволни. Буден дење и ноќе, пациентот ја чека смртта како откуп. Многупати го достигнува работ на смртта, но изгледа како рамнодушен. Веќе со месеци е во борба помеѓу живот и смрт.
Додека размислуваше за ова, си велеше во себе: „Она што планирам да го направам е голем грев, свештенството е служба над службите, ангелите се поместуваат за да помине свештеникот, а јас сакам да се распопам? А ако дознае за ова старец Симон, ќе умре од грижи за мене. Неговото духовно чедо, така да направи? Ќе почекам, додека тој да умре, па после ќе се распопам“.
Крај моштите на Св.Јован редовно се одржуваа Молебени по барање на верниците, кои заедно со Свештениците еднодушно му пееа на Светителот: „Моли Бога о нас, Свјатитељу оче Иоане...“. И јас бев удостоена да земам учество во неколку такви Молебени при што беа прочитани од Свештениците сите имиња што ги принесов за здравје и исцеление.
Пред извесно време на интернет страните се вртеше едно видео, во кое еден босански лекар, на хумористичен начин, ја опиша навиката на нашите луѓе да одложуваат сѐ за во последен момент. Тој вели: „Ми доаѓаат луѓе три дена пред смртта и ме прашуваат, што да правам. А јас им велам: па посипувај се со земја и навикнувај се на смртта“.
По Божјо благоволение излезе од печат Акатистот на Преподобниот отец наш Наум Охридски чудотворец. Во оваа книшка покрај Акатистот на македонски и црковнословенски јазик, содржано е и првото словенско житие на светиот Наум, химнографија за неговите тропари, како и поезија посветена на Светителот.
Светите Отци учеле дека „благодатта се враќа по оној пат низ кој го напуштила човекот“. Сите сме паднале во Адам преку неговото непослушание кон Бог, па затоа основата на нашите гревови е нашата непослушна волја. Таа може да биде исцелена само со послушание: послушание кон Црквата, хиерархијата, духовните раководители; во нив ние го покажуваме послушанието кон Христос
Македонската културна историја е основана приближно во исто време кога и другите етнонационални истории на европските култури. Мисирков е не само основоположник на културната историја на Македонија туку тој ја издигнува истата таа на високо европско научно рамниште.
Игуменот го забележи датумот и после 25 дена се врати во ќелијата на старецот за да види дали еленот ќе се врати.Недолго потоа,еленот се појави на вратата кај Свети Пајсиј. Ногата на еленот беше добра. Свети Пајсиј ја извади штицата и повторно му кажа на еленот: Внимавај наутро немој да се движиш зошто си во опасност.