Незамисливо е да се биде христијанин без крст и борба. Незамисливо е да се биде христијанин кој оди по лесен пат. Некои мислат дека христијанин е оној кој исполнува некој закони и заповеди за да си поминува убаво во животот, да има удобност, да има сигурен живот, според човечки критериуми. Но , христијанин не е тоа . Христијанин е оној кој секојдневно се бори за да ги возљуби Бога и братот .
Поради тоа што егоизмот го спречува човекот да ги возљуби Бога и братот, христијанинот се бори да го искорени од себе егоизмот . Се бори да за да Му благоугоди на Бога. Ги познава Божјите заповеди и сака точно да ги исполни во својот живот. Борбата на христијанинот се води поради тоа , а не да Му каже на Бога: јас сум во ред , имам право на спасение . Во тој случај би бил како фарисеј. Борбата се води за да Му каже на Бога: Господи , и покрај сета моја слабост, и гревовност , јас Те љубам . И како израз на мојата љубов се трудам да ги извршувам Твоите заповеди и Твојата света волја, а од Тебе зависи дали ќе ми го дадеш спасението и дали ќе ми ја дадеш Твојата благодат.
Старец Георгиј Капсанис
Март лето Господово 2020