Скопје-27.03.2022 г,-храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 8:34-38;9:1
34. И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.
35. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси.
36. Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ? напакости?
37. Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
38. Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.”
1. И им рече: „Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.”
Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 4:14-16;5:1-6
14. Имајќи Го големиот Првосвештеник, Кој преминал преку небесата, Исуса, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.
15. Оти, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да не соучествува во нашите слабости, туку таков, Кој искусил сe како и ние, освен грев.
16. И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.
1. Зашто секој првосвештеник, кој од луѓе се избира, за луѓето се поставува на служба Божја, да принесува дарови и жртви за гревовите,
2. и да може да ги разбира оние, што се неумешни и заблудени, бидејќи и сам е со слабости;
3. и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви.
4. И никој сам не се здобива со таква чест, освен оној, кој е повикан од Бога, како и Арон.
5. Така и Христос не се прослави Сам Себеси, за да биде првосвештеник, туку Го прослави Оној, Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес”
6. како што е на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.”
На 27ти март 2022година,во Третата Недела од Великиот пост (Крстопоклона Недела), , , кога МПЦ-ОА го прослави споменот на преподобен Бенедикт, Свети Евсхимон, епископ Лампсакиски и споменот на Свети Теогност во храмот на св. Јован Крстител,во скопската населба Капиштец, старешината на храмот, отец Жарко Пејковски во сослужение на ѓагонот Игор Трпкоски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата отец произнесе празнична беседа .
Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Ако навистина сакаме да бидеме Негови ученици, не само со зборови туку и со дела, тогаш треба, како што и Тој, нашиот Водач, се искачи на крстот, истото и ние да го направиме. Кој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе својот крст и нека врви по Мене“ (Мат. 16, 2).
Преминпортал (к.т.)