Митрополит Струмички Наум: Барање на Божја правда е исклучиво христијански подвиг
Единствено на овој начин, преку благодатта на Светиот Дух, нам ни се открива нашата несличност,
нашата неподобност со Оној Чие Име носиме,
со Оној пред Кого завети на Крштението сме дале,
со Оној Кого треба да Го сведочиме во овој свет,
со Оној со Кого се причестуваме на секое свето Благодарење (Евхаристија), и единствено на овој начин секогаш ја наоѓаме вината внатре во нас, а не надвор – не во другиот.