Дај Му ја на Бога својата намера и ќе стекнеш сила – Лимасолски Mитрополит Атанасиј
Со други зборови, Божјиот суд е суд на љубовта. Љубовта не е ништо апстрактно и неопределено. Ние сме во светот и сигурно во пракса ги немаме силите – како да го кажам? Возможности? Згодни прилики? Време? – да правиме аскетски подвизи и дела, какви што чинеле светителите, какви што монасите навистина имаат можност да вршат итн. Ние секој ден сме во светот. Како може да се доближиме кон Бога? Преку љубовта.