Преподобен Нил Сорски - За искушенијата и навредите
Ако ѓаволот не може од внатре да те заведе, почнува да те мачи надворешно – преку луѓето кои му се потчинети. Затоа биди подготвен за ова страдање и очекувај ги непријатностите да ти дојдат на гости. Еднаш ти се приближуваат пофалби, потоа укори, клевети и тешкотии од секаков вид. Многу е важно да сфатиш кој ја предизвикува бурата, и сето тоа мирно да го поднесеш: непријателството против одредени луѓе треба да се претвори во непријателство против лукавиот