логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  3.angeli.so.truba

Ангел Господов му ги отсекува рацете на Атониј

Многу од неверните жители на Ерусалим кога го слушнале необичното пеење и гледајќи ја торжествената поворка, побрзале да ги известат за тоа првосвештениците и старешините; сите тие пламнале од гнев и завист кога виделе какви почести и се даваат на Мајката на распнатиот од нив Исус. Јудејските началници, веднаш собрале војска и го поучиле народот да ги нападнат христијаните со оружје, сите да ги разгонат, апостолите да ги убијат, а телото на Богородица да го запалат; но Божјата сила не ги допуштила таквите злодела; блескавиот венец од облак кој ја прател погребната поворка се спуштил на земјата и ја оградил како карпа. Непријателите слушале пеење, но, поразени од слепост ништо не гледале, па едни од нив удриле со главите во градските ѕидови, а други, незнаејќи каде одат, барале да ги водат. Со посебна дрскост се одликува еден од јудејските свештеници по име Атониј: тој изнакажал богохулства над одарот на Богородица и го навредувал Нејзиниот Син Господ Исус Христос. Претходната завист и злоба се разгореле во неговото срце, и со јарост се фрлил кон одарот за да го турне на земјата пречистото тело; но едвај неговите раце се допреле до одарот, и Ангел Господов му ги отсекол двете раце со нематеријален меч на гневот Божји; отсечените раце виселе на одарот, а тој паднал на земјата со страшно викање. Ужасната казна го вразумила; тој го познал својот грев и повикал кон апостолите: „Смилувајте се на мене, слуги Христови!“ Апостол Петар ја задржал поворката и му рекол на Атониј: „Ние не можеме да те исцелиме тебе; тоа го може само Оној Кого вие Го распнавте: нашиот Господ Исус Христос. Но и Он нема да ти даде исцелување, сè додека не поверуваш во Него со сето срце и не исповедаш, дека Исус е навистина Месија, Син Божји“. Тогаш Атониј силно извикал: „Верувам, дека Христос е ветениот Месија, Спасителот на светот!“ Апостолите и сите верни се израдувале за спасението на пропаднатата душа, и апостол Петар му рекол на Атониј: со вера повикај го името на Пресвета Богородица, стави ги рацете кон отсечените делови кои висат на одарот. Кога Атониј го направил тоа, отсечените раце веднаш се споиле и станале совршено здрави; останала само една црвена црта, како конец, околу лактите во знак на отсекувањето. Атониј паднал пред одарот, се поклонил на Господа Исуса Христа и Неговата Преблагословена Мајка и ублажувајќи ги со многу пофалби, тргнал со апостолите во Гетсиманија. Многумина од Јудеите, дознавајќи го таквото чудо, исто така се покајале и допирајќи се до одарот на Преблагословената Владичица добиле поделување и враќање на видот. Милостивата Мајка на човечкиот род, како што во Своето раѓање му дала радост на целиот свет, така и во Своето успение не сакала никого да натажи, сите ги милувала, па дури ги израдувала и Своите непријатели.

Кога погребната поворка стигнала до Гетсиманија, со солзи и ридања го започнале последното целивање на пречистото тело, и навечер, светите апостоли можеле да го положат телото во гробот и да го запечатат влезот на гробот со огромен камен. После погребението тие не побрзале да си заминат, туку останале три дена деноноќно молејќи се и пеејќи пред гробот на Богомајката. За сето тоа време во воздухот се слушало Ангелско пеење славејќи го Бога и Благодатната Марија.

3.angeli.so.truba
Откривањето на воскресението на Богородица

На апостол Тома му било судено да послужи за откривање на воскресението на Богородица, како што некогаш со своите сомневања помогнал кон поголемо уверување во Христовото воскресение. Според Божјото управување, тој стигнал во Гетсиманија точно во третиот ден после Нејзиното погребение. Со глас на длабока тага, тој паднал пред гробната пештера и со ридање ја покажал својата скрб, што не се удостоил да ја види Мајката на својот Господ и да добие од Неа последен благослов; не се удостоил да ја види Божествената слава и прекрасните чуда при Нејзиното успение и погребение. Светите апостоли од срдечна жалост кон него, решиле да го тргнат каменот од гробот, за да го види телото на Богомајката, да го целива и да добие утеха во својата голема тага. Но, кога го тргнале каменот, тие виделе, дека во гробот биле само погребните пелени, од кои се ширело неискажано благоухание, а пречистото тело не било во гробот, а тие се чуделе и двоумеле. Со благоговение тие ја целивале плаштеницата во гробот, молејќи Го Господа да им ја открие тајната на тоа преславно чудо. Во истиот ден вечерта самата Небесна Царица ги успокоила, откривајќи им ја таа тајна.

Според древните кажувања, на трпезата на апостолите, од денот на Христовото воскресение, првото место секогаш го оставале празно. На тоа место секогаш оставале посебен леб, како „дел за Господа“, во чест и спомен на Господа Исуса Христа. По завршувањето со трпезата сите станувале, со благоговение го земале тој дел и, кревајќи го, го славеле големото име на Пресвета Троица, завршувајќи ја молитвата со зборовите: „Господи Исусе Христе, помагај ни!“ Потоа го разделувале „Христовиот дел“ и сите вкусувале од него како Божјо благословување. Така постапувале секогаш апостолите, било заедно или посебно.

Така била устроена вечерната трпеза и во Гетсиманија, после враќањето од гробот. Сето време, кога апостолите зборувале за Пречистата Мајка, се двоумеле што ќе се случи со Нејзиното тело. По завршувањето со трпезата, кога според обичајот го подигнале посебниот леб за Господа и станале да ја слават Пресвета Троица, наеднаш се слушнале ангелско пеење; ги кренале очите и ја виделе во воздушниот простор Пречистата Дева, Мајката Божја, опкружена со небесни сили во блескаво неискажлива слава. Таа им рекла: „Радувајте се! Јас сум со вас во сите денови“. Се израдувале апостолите и сите присутни кои биле со нив и воскликнале со силен глас: „Пресвета Богородице, помагај ни!“ Од таквиот образ се увериле светите апостоли, и на сета Црква, со несомнена вера го предале тоа, дека Мајката Божја, Синот Свој и Бог, ја воскресна во третиот ден по Своето успение и е земена со телото на небото.

Земајќи ја оставената плаштеница во гробот, за доказ на отсутните и утеха на страдалците, апостолите се вратиле во Ерусалим и наскоро потоа, повторно се расеале по сите страни на светот за Евангелската проповед.

Крајот на Мајката Божја Црквата го нарекува успение, зашто Таа „како во сон за кратко време заспала и, како од сон, се разбудила“. Во Пресвета Дева е победен природниот закон: смртта, враќање на телото во земја, кое е од земја. Нејзиното тело не вкусило таква смрт; во раѓањето Таа го запазила девството, во успението го соединила животот; по раѓањето Таа останала Дева и по смртта пребива во животот. Таа заспала, за да се разбуди за живот во вечното блаженство; Таа се преставила пред Животот, пред Изворот на животот, за да ги избави од смрт душите наши со Своите молитви. Во молитвите Неуморната Богородица се застапува за нас и ни дава вера за утеха во скрбта. Гробот на Богомајката, издлабен од камен, како гробот на Синот Нејзин, останува предмет на поклонување за сите верни.

3.angeli.so.truba


Гробот на Пресвета Богородица

Во чест и спомен на успението на Богомајката, од древни времиња на христијанството, востановен е Црковен празник кој се слави на 15 август.

Празникот Успение се нарекува голем, дванаесетти, вселенски, зашто во тој ден „Спасителот во сета Своја слава ја пречекал и вселил Својата Мајка со Себе“.

Во Своето успение, Пресвета Богородица не го оставила светот и секогаш, според Своето ветување, се застапува за оние кои прибегнуваат кон Нејзината помош. Многу големи чуда извршило Нејзиното милосрдие за сите кои страдаат и скрбат! Кој од нас, бедни во бурното животно море, не ја почувствувал Богомајката како блиска на нашите извикувања, како скоропослушна, за да ни даде помош и утеха? Призивот за застапништво на Пресвета Богородица влегол во составот на христијанското богослужење и од I-от век, самата Црква ја повикува на помош и ја слави Пресветата Мајка на нашиот Бог. Крајот на секојдневната вечерна молитва кон Неа е ваков: „Пресвета Богородице, биди ми застапничка во сиот живот, во смртниот час избави ме од бесовите и по смртта успокој ме!“

Во молитвите неуморната Богородица се застапува за оние кои прибегнуваат кон Неа и им дава вера и утеха.

О, Пресвета Богородице, секогаш спасувај го Твоето наследство! Владичице, помагај ни!

 

Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/bozhe-moeto-srce-e-podgotveno-neka-mi-bide-spored-tvoite-zborovi-part-2

/?fbclid=IwAR1mOBCLtaUV0WqTXNk6iSv5R4TVHdyhky65C0Qd0lapf9RwW-IkIX-ErPw

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

« »

Православен календар

 

30/05/2025 - петок

Св. апостол Андроник; Светиот маченик Солохон; Св. Стефан, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная