Митрополит Европски - Политика ли е?
Политика ли е ако си ги сакаш своите?
Политика ли е ако прашаш нешто во нивно име?
Политика ли е ако го слушнеш нивниот глас?
Политика ли е ако кажеш дека не ти е по ќеиф нечија политика?
Политика ли е ако си ги сакаш своите?
Политика ли е ако прашаш нешто во нивно име?
Политика ли е ако го слушнеш нивниот глас?
Политика ли е ако кажеш дека не ти е по ќеиф нечија политика?
Пред многу години напишав колумна под ист наслов. Апелирав да се спасува образованието. Ништо не се промени. На полошо отиде. Затоа, во предизборниот период, пишувам повторно. Прво од што треба да се почне е - образованието. Без него сме осудени на децении бесперспективна иднина. Како садење дрво: ако засадиш лошо дрво, ќе јадеш лоши плодови со децении. Ако засадиш добро, ќе треба да чекаш децении за да дојдат добрите плодови.
ПРВ ДЕН - ПРОСВЕТЛЕНИЕ
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
12.00 ЧАСОТ /официјална и концертна програма и доделување на дипломи за духовни и хумани вредности /МНТ
Патот на спасението се состои во бестрасно ракоделие, во молитва… Нека Бог ти дари сила твојот дух, ум и срце да ги чуваш во духот Христов. Тогаш, сè што ќе ти се случи лесно може да биде преобразено во целост. Она што се чини заморно и здодевно ќе исчезне, бивајќи преобразено од твојата желба да бидеш таму каде што е Христос, твојот Бог…
На 10 октомври 2016 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф во архиепископската резиденција во Тирана, оствари средба со Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г. Анастасиј, а потоа ја посети Духовната академија „Воскресение Христово“ во манастирот на свети Власиј во Драч, каде беше пречекан од Неговото Преосвештенство, Епископот на Билис г. Асти, викар на Албанскиот Aрхиепископ.
Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува.
На 09. 10. 2016 година, на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов, се навршија точно 10 години од повторното возглавување на тронот на Повардарската епархија од страна на Митрополитот Агатангел. По тој повод, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Агатангел, во сослужение на голем..
Секој човек, преку својот живот и работа, треба да ја освети својата работа и да стане свет. Уште повеќе, доколку самиот е работодавач, треба на своите работници духовно да им помогне. Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај некој ...
Ете таква треба да биде верата, кога зборуваме за верата во Бога: „Невозможно е да не се верува“. Но постои ли таква вера кај човекот? Да, кај некои луѓе ја има: таа постои во Светиите, постои во Пророците, кои имале непосреден опит на општење со Бога. Но зарем би можеле да кажеме дека кај простиот човек, кој немал таква средба со Бога, таков натприроден мистички опит, нема вера? Никако нема така да кажеме!
09. октомври (недела), 07:00 Утрена, 08:30 Света литургија;13. октомври (четврток, пред Покров Богородичен), 19:00 Вечерна;15. октомври (сабота), 19:00 Вечерна;
16. октомври (недела), 07:00 Утрена, 08:30 Света литургија;22. октомври (сабота), 19:00 Вечерна;
Сeкoј свeтитeл e вo близина на oна мeстo кадe штo сe пoвикува на пoмoш и кадe штo сe празнува или сe прoславува нeгoвата свeтиња. Oниe кoи сe видoвити ги глeдаат; oниe кoи нe сe видoвити нeка вeруваат и ќe ги видат вo свoe врeмe. Св. Кoзма Зoграфски уштe какo млад мoнах бил видoвит. Eднаш, на Благoвeштeниe...
Европскиот митрополит вели дека цртањето на мобилен е многу практична работа, особено кога се патува.Се се работи со прсти, се меморира, се печати – во мојов случај во А5 формат. За да имаат оригиналност ги заштитувам со сув жиг и ги потпишувам. Овие апликации се одлични за експресионистичко изразување и за кроки цртеж. Имаат можност и за комбинација на бои што во овој серијал го користам кога техниката глуми акварел...
Со особена чест Ве покануваме на промоцијата на книгата СВЕШТЕНИЦИ МАЧЕНИЦИ од м-р Билјана Петковска, секретар на Православниот богословски факултет во Скопје. Промоцијата ќе се одржи во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, (спроти МАНУ), на 13 октомври 2016 година (четврток), со почеток во 12:00 часот.
Eдeн oд ангeлитe рeкoл: навистина нeма штo да ставимe oсвeн eдeн лeб, сo кoјштo прeд нeкoј дeн Пeтар гo удрил прoсјакoт. Тoгаш ангeлитe брзo ставилe eдeн лeб на празната страна oд тeрeзијата и тoј eдeн лeб прeтeжнал на другата страна oд тeрeзијата сo ситe грeвoви на Пeтар. Кoга визијата завршила, Пeтар си рeкoл самиoт на сeбe: навистина oва нe e привидeниe, туку e жива вистина...
Еден работен ден, по Литургија, кон отец Алексеј пристапи еден пијан, парталава човек. Беше растреперен, и речиси со мака прозборе: „Загинав, се препив. Душава ми исчезна… спаси ме, помогни ми… не се сеќавам кога последно бев трезен… не сум човек повеќе…“ Не обрнувајќи внимание на овие ...
„Сметам дека е неопходно да се чита Библијата на радио и на Телевизија“, изјави Дроздов. „Читањето на Светото Писмо во етерот може да се смета како израз на грижа за руските граѓани, тоа овозможува подобрување на ’екологијата на нивните души‘“, смета тој. „Постои екологија на планетата земја, екологија на водата, но треба да се зборува и за екологија на душата“, додаде познатиот ТВ. водител.
Есинори Осуми – специјалист за клеточна биологија од Јапонија, стана Нобелов лауреат во областа на физиологијата и медицината за научна заснованост на полезноста од воздржанието од храна. Откритието на Осуми доведе кон нови парадигми во нашето сфаќање за тоа како клетката ја преработува својата содржина. Неговото откритие отвори пат за сфаќањето на фундаменталната важност на автофагијата за мноштво на физиолошки процеси, како што е одбраната од инфекции.
Изминативе два дена Света Бигорска Обител се удостои со голема радост поради посетата на нашиот долгогодишен пријател, отец и брат во Христа, Висoкопреподобниот Архимандрит г. Порфириj, игуменот на Скитот на Чесниот Претеча во Бер, Р. Грција. Игуменот Порфириj, кој допатува кај нас со уште двајца свои прекрасни браќа монаси и едно мирско духовно чедо, беше пречекан со торжествен манастирски свечен пречек од нашиот Старец, Архимандрит Партениј...
Ваквото писание е уште една потврда колку длабок може да биде рускиот ум и колку широка може да биде руската душа. На авторот му благодариме што ја напишал оваа книга, на преведувачот што ја превел, на издавачот што ја издал. А Семилостивиот Бог да дарува вдахновение за уште бројни богоугодни дела.
„Несвети, а свети“ е роман мозаик за човечките судбини во тој, како што вели авторот, епископот Јегоревски г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, „прекрасен свет, каде се живее според сосема различни закони отколку во обичниот живот, свет, бесконечно светол, полн со љубов и радосни откритија, надеж и среќа, искушенија, победите и поразите, смислата на нивното значење...