Вечерна на простувањето во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје (13.03.2016)
На 13.03.2016 год., во неделата на простување од Сирната седмица, кога Православната црква го започнува Великиот пост, во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, се отслужи Вечерна богослужба на која присуствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан заедно со свештениците од Скопската епархија. На крајот од богослужбата верниот народ побара меѓусебна прошка.