Кога дарува во слава на Бога... всушност тој е оној што е даруван (31.05.2012)
Бескрајна е радоста во срцето на верникот кога во животот ќе му биде понудена можноста да дарува за изградбата или за фрескописот на нова црква. Таа радост ја расплатува во неговото срце благодатта на Светиот Дух, без која никој нема да почувствува силна желба да дарува за црквата. Нему му станува јасно дека кога дарува во слава на Бога и од љубов и благодарност кон Светителите, всушност, тој е оној што е бескрајно даруван.









Вие се занимавате со добротворна дејност. Господ нека ви помогне. Тоа е многу тешка и вознемирувачка работа, иако секогаш следена со длабока утеха. За некоја боја велат дека таа толку длабоко и цврсто влегува во материјалот кој се обојува, што останува засекогаш на него... Така и доброчинството ја обојува душата!..

Даровите кои отец Серафим ги стекнал со долготрајното и значајно подвижништво, со долгото пустинство и со строгото затвореништво, не се појавиле само преку поучување, наѕидување и раководење на ближните, преку упатување на патот на спасение, туку и во големата проникливост и помош кон сите, кои барајќи исцеление од разни телесни и душевни болести, му се обраќале со топла вера во Бога и со искрено смирение.
Јас отскогаш сум бил на мислење дека за умрените не треба дасе облекува црнина, туку празнична облека и дека не треба да се пеат тажни песни, туку да се служи благодарствен молебен.
Слава, и сега: Алилуја (Три пати). Господи помилуј (Три пати).


























