Божествена Литургија во манастирот на св. вмч. Пантелејмон (09.08.2018)

Ако народот е оддалечен од Бога, од покајанието , од недоволната молитвеност, од недоволното литургиско познание на нашата вера,а верата наша е сосредоточена најмногу во Литургијата, тогаш неможат да се изнедрат добри пастири.







„Царството Божјо е внатре во вас“ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нè учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него...
Кој ли ме разбуди во ноќва?
Jас ништо не одобрувам и не обвинувам, ми стои нешто во грлото, својата нечистотија. Ако го исчистам светот за мала дамка од себе, на светот тоа му е доволно. Спаси се себеси и доволно е тоа од тебе.
Многу поклоници одат кај моштите на Серафим Саровски во надеж да се излечат од страшни болести. Од запишаните случаеви на исцелување во манастирот создадоа архива на чудеса. Ние ви цитираме само мал дел.
Вие тагувате кога другите не се добри, а би требало да се предадете на молитвата за со помош на Божјата благодат да дојдете до посакуваната цел. Вие укажувате на доброто потпирајќи се на својата мудрост, а тоа всушност, и не е толку правилно. Тајната е во нешто друго. Тајната не е во она што ќе им го кажеме или што ќе ги посоветуваме другите.
Еднаш преподобен Партениј се најде во Крусона, и таму еден овчар побара од него да го благослови неговото стадо од овци и кози. Старецот се согласи и отиде во мандрата, каде што беа собрани животните и со чудотворниот крст за благословување што го носеше секогаш со себе, го благослови стадото, кажувајќи разни молитви.
Потоа легнав и заспав на земјениот под од мојата куќарка. Додека заспивав, почувстував голема радост во моето срце. Истовремено чув чекори покрај вратата. Станав. Видов дека жена ми е во креветот. Излегов надвор. Таму наидов на еден блескав младич.
Еднаш си реков: „Боже мој, Те молам, направи така да се промени животот на сите мои пријатели и на луѓето кои го слушаат радио емитувањето“. И Бог вели: „Не разбрав! Односно ти сакаш да не се научат да одат сами? И да добиваат сѐ на готово? Ќе чекорат на нивните нозе, Јас ќе им подадам рака, ќе ги подигнам да одат. И грешки ќе направат, но треба да се борат во својот живот…“
Уште повеќе, преподобниот Јован Лествичник ни вели: „Со раката на смирението отфрлај ја радоста која доаѓа, како недостоен за неа, за да не би се соблазнил од неа и да не би го зел волкот за свој пастир“. Таа мисла, на различни начини, ја искажуваат сите свети отци.
Ние имаме право само да кажеме: „Нека Господ те спаси, нека те сочува Господ, нека ти помогне Бог, и јас верувам во тебе, за сé што си постигнал јас сум задоволен, што ти донесе самостојно решение, но беше потребно да се посоветуваш со мене... и сé во таков дух (позитивен).“
Мислам дека тоа е суштината на духовниот живот. Денес некој ми прати меил и ми напиша: „Многу те молам, отче, кажи нешто за Третата светска војна!“ Добро де, луѓе, да кажам и за неа. Но јас сум сигурен дека многу од тие кои прашуваат, нема да ја доживеат Третата светска војна како што се плашат, но ќе успеат до вечерта да ја преживеат нивната светска војна со жената и со децата!
Време на собирање/поаѓање: 12 август 2018 (недела), 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови.
“Дај ми и мeнe пчeница”, му рeкoл Исаија на чoвeкoт. “А дали си и ти жнeал, oчe?” “Нe” - oдгoвoрил старeцoт. “Па какo сакаш да дoбиeш пчeница кoга нe си жнeал?” На тoа старeцoт oдгoвoрил: “Зарeм нe дoбива пчeница oнoј штo нe жнee?” “Нe дoбива”, oдгoвoрил чoвeкoт.

Забележувам: Рационализмот и емпиризмот имаат направено голема штета во меѓучовечките односи (на пример, во Македонија). Да не беа некои од столбовите на науката верни луѓе -како Блез Паскал, Исак Њутн, дури и таткото на „релативизмот“ (барем на еден особен филозофски начин) Алберт Ајнштајн - таа штета можеби ќе беше вистинска пустош
Нешто се случува со нас луѓето, не знам како да го објаснам тоа, но секогаш наоѓаме причина да се грижиме, да западнеме во меланхолија. Бог ти решава еден проблем, а ти за кратко наоѓаш друг. Не знам што се случува, не сум видел некој човек во животот да каже: „Јас сум среќен и се оди добро!“
Во состојба на душевен мир размисли во какво помрачување може да падне човекот и поради најмала причина колку лесно може да премине во вечната, страшна мака. Колку и да ни е тешко овде на земјата, дури и да живееме илјада години во тешки страдања, сепак ќе дојде крајот на сето тоа
























