Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тоа е пример на неверојатна Мајка, која нема потреба од плач, крици, губење на свеста, од женска разнежнетост и утеха. Таа добро знае, дека Нејзиниот Син се распнува доброволно, исполнувајќи ја волјата на Небесниот Отец. Таа го преживува тоа мачно Таинство во молк. Не се подигнува против жестоките распнувачи, не бара справедливост, продолжува да ја носи надежта, надминувајќи се Себеси.