Исихастичкото Предание
Исихастичкото Предание во себе го вклучува не само практикувањето на Исусовата молитва, туку и целиот спектар на духовниот живот – борбата за чистење од страстите и здобивањето на добродетелите.
Ако го изгубиме допирот со исихастичкото Предание, ние (мирјаните и монасите) ќе се изгубиме на патот кон спасението, а можно е и да заталкаме во слепата улица на западно-христијанските доктрини. На пример, може да се нурнеме во пиетизмот – учењето според кое ние ќе бидеме спасени поради нашите добри дела.