Повторно заживува списанието ПРАВОСЛАВЕН БЛАГОВЕСНИК
„Православен благовесник“ е списание кое е плод на студентите при ПБФ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Исполнето со разновидна, современа и богословска содржина, ја истакнува жедта на студентите за повисоки дострели и стекнувања на нови искуства.Првиот број е објавен во 1982 година и редовно, по два пати годишно излегува во печат до 1990 година.