Протоереј Павел Гумеров: Како да се победи гневот (III дел)
И сега она најважното. Недоволно е само да се научиме да го запираме гневот и да се воздржуваме од него. И тоа е важно, но недоволно. Тоа е исто како само да регистрираме симптоми и последици на болеста, наместо да ја лечиме. Кој е најважниот лек против страстите? Да се стекне во душата навика за добродетел спротивна на таа страст. За тоа пишувал и самиот Светија Игнатиј Брјанчанинов и многу други Свети Отци.